за

Безбедноста осум децении е врвна наука во Mercedes

Mercedes pasivna bezbednost osum decenii_6

Пред 80 години, инженер со име Бела Барени го основа специјалното одделение за безбедност во Mercedes. Годинава се одбележуваат јубилеи на неколку изуми што доведоа до суштински напредок во подрачјето на безбедноста во целата автомобилска бранша

Повеќе јубилеи на технички и технолошки иновации што се одбележуваат годинава ја потврдуваат предводничката улога на Mercedes во подрајпето на безбедноста на автомобилите. Каросерија со зона на гмечење првпат се појавува во 1959 година, од остата година датираат и краш-тестовите, анализа на реални незгоди првпат се врши во 1969 година, додека првиот автоматски заштитен лак за кабриолети следи во 1989 година, кај легендарниот SL.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Почетоците во развојот на безбедноста на автомобилите се поврзуваат со извесен инженер Бела Барени, кој основа специјално одделение на 1-ви август 1939 година. Ова ценето име во историјата на автомобилизмот, во 1966 година првпат воведува поим на пасивна и активна безбедност. Под пасивна безбедност се подразбираат мерки во самата конструкција на возилото, кои ги штитат патниците при судир. Активната безбедност, пак, се однесува на системите кои имаат за цел да го спречат судирот или даги смалат последиците.

Бела Барени во периодот од 1939 до 1972 година пријавува 2.500 патенти, главно во подрачјето на безбедноста

Голем напредок се постигнува со воведувањето на краш-тестовите. На 10-ти септември 1959 година, во фабриката во Зинделфинген е спроведен првиот краш-тест со комплетно возило. Десет години подоцна, Mercedes почнува да врши увиди во реални судири и да ги применува сознанијата за натамошно усовршување на возилата.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Паралелно се развива серија експериментални возила, како ESF 24 од 1974 година, врз база SClass од генерацијата W 116. Од иновациите во ова возило, ограничувач на сила на затегање на безбедносниот ремен и воздушна перница се вградуваат првпат во S-Class од генерацијата W 126 во 1981 година, а во 1989 година во родстерот SL (R 129) се користат седишта со интегриран држач за ремен.

Патент на Mercedes е и бравата со два забци во 1958 година, за спречување вратата да се отвори при судир

Важен патент е бравата за вратите со два забци во 1958 година, којашто ја држи вратата затворена при судир. Истата година Mercedes започнува да вградува безбедносни ремени на предните седишта, иако законската обврска почнува да важи дури во 1976 година.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Најважниот изум на инженер Барени е тоа што и денес буни многумина, кога ќе посведочат на судир меѓу две возила, при што едното очигледно претрпело поголеми деформации. Токму тоа „смачкување“ е суштината на безбедноста. Овие зони на гмечење ја преземаат енормната енергија при судирот и ја претвораат во деформација на металот, што помага драстично да се намали напрегањето на телото на патниците и опасноста од повреда. Наспроти тоа, кабината е максимално цврста и не дозволува каква било поголема деформација.

Зоната на гмечење и „безбедносната“ каросерија се најважниот изум на Барени; Прв таков модел е W 111, „репашот“ од 1959 година

Првата примена на т.н. безбедносна каросерија е во септември 1959 година, во Mercedes W 111, народски познат и како „репаш“. Луксузната лимузина поседува и кокпит од когошто се отстранети сите остри рабови. Развојот на воздушните перници во Mercedes започнува во 1966 година, за првиот патент да биде пријавен во 1971 година. Денешните автомобили имаат и до девет возушни перници, со неколку различни степени на отворање.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Радикална безбедносна техника пристигна во родстерот Mercedes SL од генерацијата R 129 од 1989 година. Во случај на превртување, сензорите го активираат заштитниот лак и го подигнуваат над главите на патниците. Дотогаш, лакот е сокриен и не го пошпречува елегантниот изглед на овој иден класик. Целата процедура трае само 0,3 секунди.

Денешните автомобили се буквално роботи кои спречуваат секаква можност за повреда

Понатамошниот развој се одвива првенствено благодарение на воведувањето на електрониката и сензориката. Денешните автомобили се буквално роботи кои спречуваат секаква шанса за повредување на патниците. Сите претходно спомнати системи се дел од интегралниот концепт на пасивна безбедност во моделите на Mercedes и општо во автомобилите. Активната безбедност е веќе друга приказна.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Најважната алка во безбедноста, не е ниту пасивната, ниту активната безбедност, туку е возачот, а особено одговорноста на службите кои треба да гарантираат дека возилата се технички беспрекорно исправни. Оваа објава ја посветуваме на загинатите лица во трагичната автобуска незгода кај Карпалак.

Безбедното растојание при возење не смее да се потценува

Добриот вид е основен предуслов за безбедно возење

Volvo бара сите производители да си разменуваат податоци за безбедноста

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

lexus jd-power-izdrzlivost-2019

Најиздржливи марки на американскиот пазар според JD Power

audi solarni paneli ungarija

Audi ќе произведува струја на 160.000 метри квадратни под соларни панели