за

Овие модели на Mercedes стануваат олдтајмери в година

mercedes 190 E 1.8 w201
mercedes 190 E 1.8 w201

Сцената на олдтајмерите ќе им се радува на неколку различни моделски изведби на Mercedes, што од следната година официјално стекнуваат статус на историски возила. Во повеќе европски земји, овие автомобили што првпат биле регистрирани во 1990 година, од следната година ќе може да добијат и посебни таблички за олдтајмери, стекнувајќи одредени поволности. Секако дека услов е возилата да бидат во оригиналната состојба и да се добро сочувани.

Возниот парк во Германија, на пример, во јануари годинава броел 536.515 регистрирани автомобили со статус за олдтајмер. Едно од секои четири историски возила во земјата, носи знак на Mercedes. Со тоа, штутгартската марка е неприкосновен лидер меѓу олдтајмерите.

Од 2020 година, сцената на олдтајмери официјално ги очекува следниве моделски изведби на Mercedes:
  • 190 E 1.8 (W 201)
  • 190 E 2.5-16 Evolution II (W 201)
  • 250 TD Turbodiesel (моделска серија 124, првично за извоз во Италија)
  • 200 CE (моделска серија 124, првично за извоз во Италија)
  • 500 E (моделска серија 124)

Моделската серија W 201 имаше премиера во 1982 година и беше претставена како „компактна класа“. Прочуената „стодеведесетка“ немаше компромиси во комфорот, безбедноста, трајноста и издржливоста, што доведе до тоа пазарот брзо да го прифати новиот модел, во класа во којашто Mercedes не беше присутен дотогаш. Беби-бенцот денес прерасна во C-Class, моментно најпродавана моделска серија на марката.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во април 1990 беше претставен Mercedes-Benz 190 E 1.8 со 1,8-литарски мотор со впрскување и 109 КС, како замена за моделот „190“ со карбуратор. Еден месец пред тоа, на салонот во Женева беше претставен 190 E 2.5-16 Evolution II. Како основа за хомологација за мотоспорт, моделот се произведе во серија ограничена на 500 примероци. Четирицилиндарецот од 2,5 литри ослободуваше 235 КС.

Најголема разновидност кај вечната „124“ – купе, штедливо комби и лимузина со спортски перформанси

Легендарниот модел се појави во 1984 година, а во 1993 година стана прва моделска серија со новиот начин на означување, односно стана E-Class. Лесна конструкција и врвна аеродинамика се грижеа за ниска потрошувачка, а воедно и подобри перформанси. Задната оска со повеќе водилки обезбедуваше и одлични возни својства. Сите бензински мотори по есента 1986 поседуваа трифазен катализатор како стандард. Моделската серија ја сочинуваа лимузина, комби T-Model, купе, кабриолет и продолжена лимузина. Новитет беше и погонот на сите тркала 4Matic.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Од јуни 1990, купето се испорачуваше посебно за италијанскиот пазар со дволитарски бензинец, со моќност од 122 КС без катализатор, односно 118 КС со катализатор. За Италија беше наменето и комбито 250 TD Turbodiesel со дизел со преткомора и 126 КС. Врв на серијата беше E500, со премиера во октомври 1990 на салонот во Париз.

Со спортско подвозје и 5,0-литарски V8 мотор со 326 КС, елегантната лимузина стануваше спортски автомобил. Топ-моделот се произведуваше до крајот на 1990 година.

Законите кај нас уште не предвидуваат поволности за олдтајмерите и воопшто за сцената којашто нагло се разви за само неколку години

Според Член 25, став 2 од Законот за возила во Македонија, „Статус на возило со историска вредност (олдтајмер) се доделува на возило што е постаро од 35 години, кое е зачувано и технички е одржувано, како и сообразено со оригиналниот конструкциски состав и форма, а заради своите историски и технички значења не се употребува за секојдневен превоз.“ Поволности не се предвидуваат со законот, меѓу другото и можност за возилото да се регистрира само преку летото, како и посебни таблици, со кои олдтајмерите би биле поштедени од евентуални ограничувања во сообраќај. Домашната сцена на олдтајмери, инаку, бележи голем напредок во последниве години.

Автомобил со историја во тек: Зелениот Mercedes W115 на Драган

Mercedes календар за 2020 со „Цела година автомобили од соништата“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

kia telluride

Kia со најдобри СУВ-модели според „U.S. News“

McLaren бара кројачи, шијачи, бродоградители

McLaren бара кројачи, шијачи, бродоградители