143
19 shares, 143 points

Daimler само во текот на годинава обучи околу 45.000 работници, подготвувајќи ги за новите задачи во подрачјето на електричниот погон. Во следните години ќе има уште многу дополнителни обуки.

Додека е во тек големата револуција во автомобилската индустрија и масовно се преоѓа од мотори со внатрешно согорување на погон со електромотор, Daimler предвидува повеќе од половината од својот работен персонал да го обучи за работа со електричниот погон до 2025 година.

Само во текот на годинава ќе бидат обичени повеќе од 45.000 работници во подрачјата што се поврзуваат директно со електричниот погон. До 2025 година во германските фабрики се планирани уште 150.000 обуки во ова подрачје. Некои работници во меѓувреме имаат минато повеќе обуки. Daimler во светски рамки вработува 304.000 лица, од кои повеќе од 178.000 лица работат во Германија.

Големиот концерн моментно води стратегија на штедење и во следните три години се планира да се заштеди 1,4 милијарда евра, меѓу другото и со намалување на менаџерскиот кадар за десет проценти. До крајот на следната деценија сепак не се планираат отпуштања на работници во германските фабрики.

Во исто време, Daimler вработува во други подрачја, на пример во таканаречената облак-архитектура или во биг-дата, кадешто концернот има голема потреба од стручен кадар.

Центарот за теренски екстреми на Mercedes во Австрија се отвора напролет


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

143
19 shares, 143 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *