158
27 shares, 158 points

Вистинската вредност на потрошувачката на гориво им е од пресудно значење на менаџерите на големите возни паркови, при обновувањето на истите. ЕУ изгласа одредба сите камиони да поседуваат сертификат за потрошувачка, со вредности кои ги пресметува специјален софтвер, независно од производителите на камиони

Со новата година започнува и нова ера во камионската бранша во Европа. Производителите заедно со камионот ќе испорачуваат сертификат за потрошувачка на гориво. Со тоа првпат се овозможува објективна споредба со камионите од конкурентските марки. Точните податоци за потрошувачката се важни, оперативните трошоци сепак имаат пресудна важност во камионскиот транспорт.

Вредностите за секоја различна конфигурација на камион се добиваат со софтверската симулација Vecto (Vehicle Energy Consumption Calculation Tool). Софтверот го развиваше ЕУ, заедно со производителите и научниците.

Daimler Trucks им го предава овој сертификат на своите клиенти уште од ноември. Повеќе од 1.000 камиони Actros во меѓувреме се испорачани со истиот. Во компанијата сметаат дека со сертификатот се постигнува поголема транспарентност, што ќе води кон натамошно смалување на потрошувачката на гориво и емисијата на СО2.

Производителите на камиони испраќаат многу податоци до независните организации кои потоа ја пресметуваат потрошувачката со специјалниот софтвер Vecto

Според независни компании за процена, потрошувачката на тешките товарни возила на Mercedes се смалила за 22 проценти во периодот меѓу 1996 и 2016 година. Новата генерација на Actros, којашто беше претставена во септември, постигнува заштеда до три проценти на автопат и до пет проценти при регионален транспорт.

Mercedes Actros
Кај камионите е преголема разновидноста на можните конфигурации за да се воведе слична норма како новата WLTP за автомобилите

Одредбата 2017/2400 на Комисијата на ЕУ се однесува на класите на камиони 4, 5, 9 и 10 (над 16 тони). Од 2020 година ќе бидат вклучени и камионите над 7,5 тони, а потоа и класата на тежина меѓу 5 и 7,5 тони, како и автобусите.

Производителите ги обезбедуваат сите податоци што влијаат врз потрошувачката, според строги стандарди и под надзор на независни организации за контрола. Се зема предвид отпорот на воздух посебно за секоја варијанта на кабина и посебно за секоја комбинација од мотор, менувач и оски. Овие податоци се испраќаат до организациите за контрола, кои потоа ги пресметуваат вредностите за потрошувачката на гориво и емисијата на СО2.

Системот ќе мора соодветно да се усовршува во иднина, затоа што не зема предвид голем број различни сценарија, како и специјални надградби (кипер, комунални возила). Во актуелната верзија на Vecto не се вклучени и бројни системи кои исто така придонесуваат за економичноста, како темпомати, оптимирања на приколката, старт-стоп функции или ефикасно планирање на рутата.

Електричен камион носи делови за електричниот Porsche

Течниот метан на пат да стане стандардно гориво во камионскиот транспорт

На овој камион не му треба возач и тоа се гледа

Mercedes Actros: Камери место ретровизори, дигитални инструменти, вози сам


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

158
27 shares, 158 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *