156
20 shares, 156 points

Вредноста на марката Mercedes продолжува да расте и во последниот извештај на Interbrands само ја зацврсти својата позиција како највредна автомобилска марка во светот. Mercedes е воедно и единствена европска марка во Топ 10 на највредни марки во светски рамки.

Mercedes е на осмото место на највредни марки во светот, втора воопшто автомобилска марка по Toyota, единствена со европски корени во светскиот врв и, секако, највредна автомобилска марка во луксузниот сегмент. Лани, Mercedes исто така се најде на осмото место во рангирањето на реномираната Interbrand, но во меѓувреме вредноста на марката порасна за уште 5% и сега се цени на 50,832 милијарди американски долари. Од 2009 година, вредноста на марката расте во континуитет.

Од Штутгарт го коментираат големиот успех: „Марката Mercedes-Benz се одликува со долга традиција и голема иновациска моќ. Поттикната од поривот, постојано да се усовршува и да нуди одржливи решенија за иднината на мобилноста – тоа се покажува во производите и услугите, исто како и во деловната стратегија. Клиентите се ставени во центарот како никогаш досега, марката се доживува и удува емоции. Модерниот луксуз мора да биде пдржлив – но првенствено мора да биде одржливо фасцинантен.“

„Корветата“ на Сер Клиф Ричард и „мерцедесот“ на Лулу бараат нови сопственици

Во маркетиншки жаргон – „Purpose“ на марката гласи „First Move the World“. Тоа кај Mercedes-Benz е продлабочената смисла на работата, погонот, причината за нештата. „First Move the World“ се однесува на амбицијата да се навлегува подлабоко од тоа што е дотапно непосредно. Овој пионерски дух е дел од генот на марката.

Студијата „Најдобри светски марки“ годинава го доживеа своето 20-то издание. Interbrand, американска консултантска компанија, ги оценува стоте највредни марки во светот од три гледишта: Финансиски резултати на производите или услужните дејности на марката, улога на марката во процесот на донесување одлука за купување и колку марката е моќна да обезбеди идни приходи на компанијата. Вредноста на марката се одредува според метода што е сертифицирана според ISO 10668:2010.

Toyota останува највредна автомобилска марка, Mercedes и BMW следат


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

156
20 shares, 156 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *