127
17 shares, 127 points

Во објектот во Штутгарт, со архитектура што ја препознава секој љубител на автомобилизмот, се наоѓаат 160 возила од непроценлива вредност и вкупно 1.500 експонати. Повеќе од 800.000 посетители годишно доаѓаат од целиот свет во музејот на Mercedes. Во овие времиња е корисно тоа музејот може да се посети и по дититален пат.

Пет километри. Толку е долг патот што треба да го мине секој посетител, за целосно да ја обиколи музејската поставка, со сите возила и предмети што се изложени на површина од вкупно 16.500 метри квадратни. Во времиња кога светот мора да седи дома, можноста овојо музеј да се посети по дигитален пат, со само неколку кликнувања, може да биде вредно искуство.

Исто како што Mercedes нуди најмалку по пет опции за седиштата, така постојат и повеќе можности за дигитална посета. Секако дека првиот чекор е да се посети вебсајтот и да се добијат информации за возилата во седумте митски и петте колекциски простории – https://www.mercedes-benz.com/en/classic/museum/exhibition/ .

Интерактивни водичи на инстаграм

Водичите од музејот на Mercedes можат на инстаграм да раскажат илјада и една приказна за експонатите или за архитектурата. Постојат „приказни“ за возилата што се постојан дел од музејот (https://www.instagram.com/stories/highlights/17896551259393661/) или за тематските изложби, каква што е актуелната за 40-годишнината на Mercedes G-Class ( http://mb4.me/40Jahre_G_Klasse ). Инстаграм-каналот на музејот е @mercedesbenzmuseum .

Филмски водичи на јутјуб

Познатиот јутјубер Schmee150 при неговото откривање на музејот претставува пет непознати факти за Mercedes-Benz и за историските марки, преку виртуелна реалност во 180 степени http://mb4.me/Top5.

Бидејќи деновиве светот има повеќе време за сé, може да се избере и комплетна прошетка, во којашто музејот е прикажан ноќе. Филмот е снимен за време на „Ноќи во музејот“, кога блогери и инфлуенсери беа повикани да преноќат во музејот (http://mb4.me/Nachts_im_Museum).

Mercedes-Benz Classic нуди најразновидни дигитални формати

Во делот на Mercedes-Benz Classic следат уште многубројни дигитални формати. Со нив се опфатени легендите All Time Stars – тоа е единствена можност да се купи олдтајмер со сертификат од производителот, секако со соодветна цена, а тоа најчесто значи со шест цифри – како и архивата, активностите на официјалните клубови на љубители и цела низа други активности околу марката – https://www.mercedes-benz.com/en/classic/ .

Квиз: Кој историски модел на Mercedes најдобро ми одговара?

Со неколку кликнувања може преку квизот „Кој класичен модел ми одговара најмногу?“ да се дознае кој модел од 135-годишната историја на марката најдобро се совпаѓа со сопствениот карактер https://www.mercedes-benz.com/en/classic/quiz/.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

127
17 shares, 127 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *