за

Mercedes го очекува 10-милионитиот посетител во музејот во Штутгарт

Mercedes музеј
Редици пред музејот на Mercedes-Benz во Штутгарт, во 2019 година

На 2-ри јуни се очекува десетмилионитиот посетител во музејот на Mercedes во Штутгарт, отворен во 2006 година. Среќникот што ќе го добие овој билет на музејската каса, ќе има чест да ја разгледа трајната изложба на музејот со личен водич, а ќе добие и вредносен ваучер. Сто посетители пред да се случи големиот момент ќе добијат бесплатна влезница.

Во музејот на Mercedes во Штутгарт на 2-ри јуни треба да пристапи десетмилионитиот посетител по пуштањето на објектот во работа во 2006 година. Покрај фактот што музејот го посетуваат лица буквално од целиот свет, прашање е од која земја доаѓа јубилејниот посетител и што најмногу го привлекува во светот на автомобилизмот.

Директорката Моња Бидке лично ќе го поздрави десетмилионскиот гостин. Покрај приватен водич низ целиот музеј, тој ќе добие и вредносен ваучер што ќе може да го искористи во музејската продавница. Причина за радување имаат и стоте посетители пред големото прогласување, кои ќе добијат бесплатен влез.

Сопствениците на олдтајмери од Mercedes имаат дозволен пристап за фотографирање на својот автомобил пред музејот во Штутгарт

Во музејот гостувале посетители од сите 193 држави во рамките на Обединетите Нации. Лани пристигнале 834.121 посетители, од кои околу 60% странци. Најмногу гости пристигаат од Кина, потоа од САД и од Франција. Индија во 2018 година првпат се вброи меѓу Топ 5 нации во музејот.

https://youtu.be/vwNhk-wK9_A

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Клима уред, совети за правилно користење во автомобилот

Топ 10 совети за правилно користење на клима-уредот

mercedes actros

Награди за најдобрите камиони и автобуси „ETM Award 2019“