за

Mercedes-Maybach GLS или луксуз како уметност

Mercedes-Maybach GLS 600
Mercedes-Maybach GLS 600

Кај оваа марка нема многу филозофија. Тоа што Rolls-Royce е за Британците и за светот, Maybach е за Германците и за светот. Исто така нема двоумење: Mercedes-Maybach GLS е најпрестижното и најпретставителното парче автомобил од германските фабрики.

Во време кога автомобилите се соочуваат со многубројни ограничувања заради заштита на животната средина, дополнително добиваат на вредност големите и скапи СУВ-модели кои се достапни за малкумина и кај коишто најмалку се помислува на лимити. Благородните марки од рангот на Rolls-Royce одамна не се двоумат да понудат такви големи и баснословно скапи грамади на тркала. Како што е Rolls-Royce за Британците, така е Maybach за Германците. Кусо, ова е најдоброто и најблагородно што може да го понуди историската германска марка под покривот на Mercedes.

Mercedes-Maybach GLS 600 е апсолутен врв. Тоа што поставува какви такви ограничувања кај стандардниот GLS, за да се одржи цената во рамките од најмалку 100.000 евра, тука е поместено на половина милион евра. Најмалку. Цената практично не претставува фактор кај овој супер-СУВ, затоа што главнината од купувачите ќе имаат посебни желби и барања.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Каросеријата, електриката, погонската спрега и подвозјето се од GLS, но сé друго е преработено, односно изработено е без грижа колку тоа ќе чини. Најверно е да се замисли дека сите материјали се заменети со уште поквалитетни и вградени се со уште поголема грижа. Меѓу другото, изолацијата е уште потемелна и поефикасна.

Главното место се фотелјите во вториот ред, со електрични завеси отстрана, за патниците сами да изберат колку сакаат да гледаат од средината околу. Нема трет ред седишта, сé е изведено во корист на фотелјите во средината на кабината. Пневматската амортизација е стандард, со доплата се вградува активното подвозје што направи GLE да стане „танцувачкиот автомобил“. Во Maybach се нуди посебна програма за уште поголем возен комфор.

Кога ќе се отворат вратите, каросеријата се спушта и од праговите излегува осветлен нагазник, изработен од елоксиран алуминиум

Четирилитарскиот V8 со моќност од 558 КС и вртежен момент од 730 њутнметри е изведен посебно за Maybach, да одговара на карактерот на возилото. Мала, но доволно ефективна помош, за потрошувачката да гориво да биде во разумни рамки од аспект на животната средина, доаѓа од стартер-генераторот и 48-волтната мрежа. Испораките на Mercedes-Maybach GLS 600 4Matic ќе започнат во втората половина 2020 година.

Ѕвездата на Mercedes-Benz е на хаубата, а под неа е впечатливата маска на Maybach, со вертикални хромирани лајсни кои се дизајнирани да потсеќаат на „костум на штрафти“. Рамките околу прозорците и по должината на страничните прагови се изведени со скап хромиран финиш. Бандажите од 22 или 23 инчи имаат посебен дизајн за Maybach и за GLS. Печатот на благородната марка се забележува и во издувните цевки. Амблемот Maybach е поставен на повеќе места, меѓу другото и на последните столбови. Најпрепознатливиот белег на Maybach секако е двобојната каросерија, за којашто може да се избира меѓу осум комбинации од бои.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Mercedes-Maybach GLS 600 4Matic е толку посебен автомобил што нема смисла да се зборува за сериска опременост. Тука едноставно има сé што може да се замисли, и уште малку повеќе од тоа. Задните седишта со електрична помош се претвораат во лежалки и секако дека се обложени со мека телешка напа-кожа. Со доплата може да се добијат исто толку квалитетни облоги и по целата површина на кабината.

Сончев покрив е стандард, исто како климатизирани седишта со масажа. По барање, Maybach GLS се испорачува со само две задни седишта, за големиот СУВ да се претвори во подвижна канцеларија или место за одмор. Меѓу седиштата останува место за конзола со преклопливи масички, ладилник за шампањ, па и за соодветни чаши од сребро.

За Maybach GLS е дизајниран посебен парфем, како што опишуваат од Штутгарт „бел османтус цвет, флорален и лесен, заокружен со нежна нота на кожа и ароматичен чај“

За звучната изолација да биде уште потемелна и багажниот простор да биде физички одвоен од кабината, зад задните седишта се наоѓа цврст разделен ѕид и преграда за одложување. За патниците на задните седишта е наменета посебен клима уред, со дополнителни отвори за проветрување и независни грејачи, за пријатна температура да се постигне во најкусо време.

Mercedes по реорганизациајта на марките во 2014 година ја издвои Maybach како подмарка. Од почетокот на испораките на Mercedes-Maybach S-Class во 2015 година, ширум светот се испорачани повеќе од 45.000 примероци. Лани беше рекордна година за моделот. Една од секои седум продадени примероци од S-Class беше Maybach.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

 

Технички податоци Mercedes-Maybach GLS 600 4MATIC

Мотор

Број на цилиндри / Конструкција

V8, 90° V, 4 вентили по цилиндар

Зафатнина

cm³

3.982

Пречник x Од

mm

83,0 x 92,0

Моќност

kW/КС

410/558 при 6.000-6.500/min

Вртежен момент

Nm

730 bei 2.500-5.000/min

EQ Boost

kW/КС (Nm)

16/22 (250)

Компресија

10,5: 1

Напојување со гориво

Под висок притисок

Погон и пренос

Погон

Постојан погон на сите тркала

Менувач

9-степен автоматски 9G-TRONIC

Преносни односи

Диференцијал

1. Gang

2. Gang

3. Gang

4. Gang

5. Gang

6. Gang

7. Gang

8. Gang

9. Gang

Наназад

3,27

5,35

3,24

2,25

1,64

1,21

1,00

0,86

0,72

0,60

4,80

Подвозје

Предна оска

Двојни попречни водилки, пневматска амортизација, стабилизатор

Задна оска

Оска со повеќе водилки, пневматска амортизација, стабилизатор

Сопирачки

Вентилирани дискови напред и назад, електрична паркирна сопирачка, ABS, BAS, ESP

Управување

Запчеста летва, со електрично серво

Бандажи

Напред: 9,5Jx22H2. Назад: 11,5Jx22H2

Гуми

Напред: 285/45 R 22. Назад: 325/40 R 22

Димензии и тежини

Меѓуоскино растојание

mm

3.135

Трага напред/назад

mm

1.699/1.723

Должина

mm

5.205

Ширина

mm

2.030

Висина

mm

1.838

Круг на вртење

m

12,52

Багажник

l

520

Празно возило, со возач

kg

2.785

Носивост

kg

465 (до 575)

Дозволена тежина

kg

3.250 (до 3.360)

Резервоар / резерва

l

90/9,0

Перформанси и потрошувачка на гориво

Забрзување 0-100 km/h

s

4,9

Крајна брзина

km/h

250

Потрошувачка, просек

l/100 km

12,0-11,7

Емисија на CO2, просек

g/km

273-266

Mercedes-AMG GLS 63: Забава за 612 КС на површина на дневна соба

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford со две титули во изборот на доставни возила за 2020 година

Ford со две титули во изборот на доставни возила за 2020 година

Tesla Cyber Truck

Илон Маск уште не успева да направи обичен автомобил