Познавачите на историјата на Mercedes имаат слушнато за „светите хали“ во коишто се чуваат најзначајните автомобили на марката, што ретко доспеваат до јавноста. Содржината на овие хали сега е достапна во книга, со досега малку познати факти и со мајсторски фотографии.
Посебниот огранок на Mercedes што е задолжен за сите работи околу историските автомобили на компанијата, има повеќе од 1.000 бесценети автомобили во колекцијата. Од нив, само 160 се редовна поставка во музејот во Штутгарт. Останатите го чекаат вистинскиот момент да се појават пред светот и да ги заживеат старите времиња.
Но, вистинска мистерија е локацијата на овие автомобили. Mercedes само наведува дека тие се распоредени во 12 неугледни објекти во подрачјето на Штутгарт. Оттаму и името „Светите хали“.
Автомобилскиот автор Кристоф Фивег доби ексклузивна можност да погледне во внатрешноста на овие објекти и впечатоците од деталното разгледување да ги преточи во зборови. Фотографиите се дело на Игор Паниц, познат маестро за кадри со автомобили и архитектура.
Во книгата се наоѓаат дополнително и студиски фотографии од 50 избрани колекционерски автомобили, направени со користење посебна техника на осветлување од прочуениот Хари Рукарберл.
Првото поглавје ги опфаќа сериските модели до 1945 година, меѓу кои Benz Patent-Motorwagen, иновативниот Mercedes-Simplex 40 PS, маркантниот Benz Spider или луксузните крстосувачи Typ 770 „Großer Mercedes“ и спортско-елегантните Mercedes-Benz 500 K / 540 K.
Информации за книгата
Англиско издание: „Holy Halls. The Secret Car Collection of Mercedes-Benz“, Кристоф Фивег, со фотографии од Игор Паниц и Хари Рукаберл.
- Издавач: Delius Klasing Verlag, Билефелд
- 244 страници, 207 фотографии и скици
- Димензии 26,9 × 28,9 cm
- ISBN 978-3-667-11667-3
- 59,00 евра (Германија)
Врска за нарачка преку Amazon.co.uk (само информативен преглед):