141
22 shares, 141 points

Mercedes се најде под жестока критика на властите во Пекинг, откако во една реклама на инстаграм наведе цитат од тибетскиот духовен водач Далај Лама. Кина е најголем пазар на германскиот производител и тоа јасно му го става на знаење на Daimler, исто како и на цела низа компании. Следеше извинување, но тоа е само заради стравување од падот во продажбата.

На инстаграм профилот на Mercedes, во понеделникот беше објавена реклама со цитатот „Гледајте ги ситуациите од сите агли и ќе бидете повеќе отворени“, придружена со пораката „Започнете ја неделата со свежа перспектива на животот од Далај Лама“. Објавата предизвика вознемиреност кај илјадници корисници на интернет во Кина, по што беше избришана од профилот.

„Волк во монашка облека“ и државен непријател на Кина

Иако инстаграм е блокиран во Кина, корисниците со виртуелна приватна мрежа може да ја видат објавата и да ја споделат по кинеските социјални мрежи. За кинеските власти, Далај Лама е „волк во монашка облека“ и државен непријател, кој преку својот духовен тероризам всушност се залага за тибетски сепаратизам.

Откако објавата беше избришана од профилот, Mercedes се извини преку локалните социјални мрежи. Но, штетата е направена. Во најпродаванатата премиум марка во светот стравуваат дека оваа тешко поправлива грешка ќе се рефлектира и врз продажбата на кинескиот пазар. Mercedes лани произведе 2,3 милиони автомобили, а само Кина во оваа бројка учествува со близу 600.000 возила, односно со една четвртина. Продажбата на марката во земјата лани се зголемила за 25 проценти.

Владиниот гласник People’s Daily веднаш почна со напади врз германскиот производител, објавувајќи под насловот „Mercedes, станавте непријател на кинескиот народ.“ Весникот продолжува со истиот тон: „Кинескиот пазар е златен рудник за некои странски компании, а тие од друга страна му наштетуваат на кинескиот народ. Што сакаат да постигнат тие?“

Вработени во Мериот ќе добијат отказ дури и за лајкување објава во којашто се спомнува Тибет, вклучувајќи ги и тие што не работат во Кина

Mercedes е само уште една во низата странски компании што се огрешиле пред чувствителните власти во Пекинг. Во минатиот месец, авиокомпанијата Delta и производителот на облека Zara беа остро критикувани од властите, поради тоа што Тајван и Тибет биле на списокот на држави на нивните вебсајтови. Поради сличен „прекршок“, синџирот хотели Mariott доби еднонеделна блокада за својата интернет страница, како и за мобилната апликација.

Британскиот рок-бенд Пласибо беше избришан од програмата на Фестивалот во Шангај, откако на нивниот профил на инстаграм се појави фотографија на Далај Лама. Бендот доби доживотна забрана од Министерството за култура на Кина.

Неизвесно е како овој случај ќе се рефлектира врз продажбата на Mercedes на својот најголем пазар во светот. Како пример може да послужи Audi. Конкурентската марка ги разлуте дилерите во земјата, откако започна со организирање на паралелна продажна мрежа. Следеше бојкот и драстичен пад во продажбата. Audi одвај постигна некаков плус во ланската продажба во азиската земја.

Nio ES8 е одговорот од Кина на Tesla Model X

Peugeot го смени шефот во Кина поради слабата продажба

Volvo гради фабрика за спортската марка Polestar во Кина


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

141
22 shares, 141 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730