за

Mercedes календар за 2020 со „Цела година автомобили од соништата“

Mercedes Classic календар 2020 автомобили
Mercedes Classic календар 2020 автомобили

Мотиви со автомобилски скапоцености од музејот на Mercedes и возила од „светите хали“ го красат календарот на марката за 2020 година. Под наслов „One year of Classic Dream Cars“, тој нуди дванаесет впечатливи сцени со историски модели на Mercedes.

Фотографиите во календарот за 2020 година што го подготви Mercedes-Benz Classic прикажуваат посебна домашна приказна: Дванаесетте мотиви во „One year of Classic Dream Cars“ покануваат на посета на највредното што го нуди марката со сребрената ѕвезда. На фотографиите се наоѓаат скапоценостите од „светите хали“, како што се нарекува депото со околу 1.000 возила со највредните и најретки автомобили од историјата на Mercedes. Дополнително има и неколку возила од „митските простории“ во музејот на марката, кадешто се пристапува со посебна карта.

Насловниот мотив со Mercedes-Benz 190 E 2.5-16 Evolution II (W 201) од 1990 година го покажува тоа што го содржат внатрешните мотиви во календарот. Тркачката лимузина е сликана пред низа болиди од германскиот шампионат со туристички возила. Оваа сценогафија потсеќа на големите успеси што ги постигна Mercedes во 30-те години во DTM.

Од митските простории во музејот доаѓа Mercedes-Simplex 40 PS (јуни), кој го претставува првиот модерен автомобил во светот и го одбележува почетокот на марката во мотоспортот. Натамошниот понатаму се развива учеството на престижната марка во тркачките рингови покажуваат 300 SL „Gullwing“ (W 198), 300 SL Roadster (W 198), фамозниот „Uhlenhaut-Coupé“ (W 196 S) развиен од тркачкиот 300 SLR , како и елегантниот 300 S Cabriolet A (W 188) – сите во заеднички кадар за месец ноември.

Започнати се преднарачките за календарот за 2020 година

Kалендарот за 2020 година на MercedesBenz Classic има димензии 69 × 49 сантиметри и чини 29,90 евра. Нарачките веќе стартуваат преку онлајн-продавницата на Mercedes-Benz Classic (https://www.mercedes-benz-classic-store.com/en/literature-media/print-media/calendar/1641/mercedes-benz-classic-calendar-2020?c=168). Од средината на октомври, календарот ќе биде достапен и директно во музејот на марката во Штутгарт.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

брисел ограничување брзина 30 kmh дисплеј

Во Брисел ќе се вози 30 km/h: Побрзо само на главните улици

BMW X1 xdrive25e плагин хибрид

Новиот BMW X1 со приклучен хибрид има 57 km возење на струја