137
22 shares, 137 points

Mercedes GLE е еден од главните новитети за салонот во Париз во следниот месец. Автономното возење прави уште еден чекор понапред. Светска премиера е активното подвозје на 48-волтна база. Аеродинамичноста повторно е врв во сегментот

Со меѓуоскино растојание зголемено за осум сантиметри, кабината на новиот Mercedes GLE нуди уште повеќе простор и комфор во споредба со претходникот. Со доплата се вградува и трет ред седишта. Пораснаа и дисплеите, а системот MBUX отсега умее да прима команди и преку движење на дланките и рацете. Сето ова техно-опкружување го комплетира нова генерација на проекциски дисплеј со приказ во боја.

При стартот на продажбата во почетокот на 2019 година, Mercedes GLE ќе има комплетно нова понуда од мотори. Централното место го добива Mercedes GLE 450 4Matic, со линиски шестцилиндарец и со 48-волтна мрежа. Моќноста на бензинецот изнесува 367 КС, вртежниот момент достигнува 500 њтунметри. Преку технологијата на благ-хибрид што Mercedes ја нарекува EQ Boost, при посилно притискање врз гасот се активираат дополнителни 22 КС и 250 њтунметри. Понудата од погонски единици ќе ја дополнат неколку дизели и еден плагин-хибрид.

Mercedes GLE 4

Како светска премиера во Mercedes GLE пристига таканаречен E-Active Body Control. Станува збор за активно подвозје на хидропневматска основа, коешто е комплетно вмрежено со сите останати системи во возилото. Големиот напредок што го најавува Mercedes е во примената на 48-волтна мрежа.

Со зголемувањето на напонот се забрзува реакцијата на бројни системи, а воедно се овозможуваат и голем број нови функции. Со иновативното подвозје следи и нова генерација на пневматска амортизација. Mercedes GLE е единствен автомобил на пазарот, кај когошто амортизирањето на нерамнините од подлогата – и воопшто на сите сили што дејствуваат – се регулира посебно за секое тркало. На тој начин се спречува клатење на каросеријата во свијоци, како и при забрзување и забавување.

Mercedes GLE не се откажува од теренските квалитети

Активниот асистент за застој го растоварува возачот при чекање во колона со постојано поаѓање и запирање, при брзини до 60 километри на час. Нова функција е способноста возилото самостојно да се претстрои и да ослободи лента за службите за брза помош. Новитет има и кај асистентот за сопирање, кој сега помага и при скршнување.

Напредок има и во теренските својства. Погонот на сите тркала 4Matic отсега може целиот вртежен момент од моторот да го пренесе само на предната или задната оска. Уште една светска премиера е опционалниот пакет за теренско возење, со иновативна редукција на преносниот однос. На возачите на Mercedes GLE ќе им биде полесно и при маневрирање со приколка, преку помошта од таканаречениот асистент за паркирање со приколка.

Mercedes GLE 1

Првпат во СУВ-модел е достапно и шесткратно местење на седиштата во вториот ред со помош на електромотори. Седиштата може да се поместуваат надолжно за 10 сантиметри, може да се мести и аголот на потпирачот, како и да се соборува клупата во сооднос 40:20:40 или да мести висината на потпирачите за глава. Сите овие функции се достапни преку вообичаената група прекинувачи во вратата. Електриката помага и при целосното соборување на клупата, за да се добие товарен простор со зафатнина од 2.055 литри. При нормална конфигурација, багажникот собира 825 литри.

Последниот новитет што пристига во Mercedes GLE е посебната функција на предните седишта, којашто се води како „Energisizing“ и работи на тој начин што преку мали движења на соодветните подрачја во седиштата го придвижува телото и на тој начин спречува вкочанетост и замор при подолги возења.

Mercedes GLE

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

137
22 shares, 137 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743