196
24 shares, 196 points

Големиот СУВ е меѓу најважните премиери под знакот на сребрената ѕвезда годинава. Во салонот на Мак Аутостар веќе е изложена новата генерација на Mercedes GLE. Оттаму подготвија куса историја на моделот. Но, пазарното воведување на наследникот на ML и M-Class сигурно нема да биде кусо. Сцената допрва ќе почне да зборува за GLE.

Во соопштение за печат со наслов „Една од тајните на успехот на Mercedes-Benz за најдобра автомобилска марка во светот, M-Class“, увозникот Мак Аутостар го објавува пристигањето на новиот GLE во својот салон. Големото парче автомобил со новиот дизајнерски јазик на Mercedes сигурно нема да останува во салон и да го чека својот пробив на пазарот. Тој е автомобилот што ја создава конкурентската трка во овој престижен дел од пазарот и автомобил што не треба да убедува нов круг купувачи. Кусо, секој знае за GLE и за претходникот M-Class.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Мал историски осврт за присетување зошто сцената го почитува, па и обожува Mercedes GLE, некогашен ML, а потоа M-Class. Во 1991 година почнаа нови струи во светската економија, се отворија нови пазари, а технологијата напредуваше брзо во сите сфери на општественото живеење. Светот се подготвуваше во последната деценија да го прославува постигнатото во тековниот милениум, пред преоѓањето во новиот милениум.

M-Class беше волшебната формула за зголемување на продажбата во светски рамки

Истата година, Mercedes-Benz увиде можност за проширување на бизнисот преку Атлантикот, со цел компанијата да стане неприкосновена во автомобилскиот бизнис. Но, за тоа да се постигне, на фабриката Daimler ѝ беше потребен модел кој лесно ќе го освои целиот свет и чија продажба постојано ќе се зголемува во следните децении. Набрзо потоа беше пронајдена волшебната формула, MClass.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Фабриката на Mercedes-Benz извршила истражување на светскиот пазар и дошла до заклучок дека спортско корисните возила, односно SUV, се тие што во годините кои следат ќе бидат најбараните возила, особено на американскиот пазар.

Веднаш потоа, германскиот производител почнал да го развива моделот, заедно со Mitsubishi Motors, на основа на моделот Pajero, поради големото искуство на јапонскиот производител во тој вид возила. Сепак, Mercedes-Benz на крајот одлучува самостојно да го развива моделот.

Нова фабрика и ново моделско семејство M-Class

Во 1993 година Daimler одлучува да гради фабрика во американската сојузна држава Алабама, за веќе во 1997 година, од производната лента да излезе првиот луксузен SUV модел на Mercedes-Benz, M-Class. Скептиците за новиот модел под знакот на Mercedes упатуваа силни критики, дека тоа не може да биде вистински Mercedes и му предвидуваа краток век.

Предвидувањата на Mercedes беа сосема точни, дека M-Class е моделот што им донесе невиден раст во продажбата. Поради овој успех, главните конкуренти, особено другите германски производители, почнаа да го следат Mercedes во создавањето на конкурентски модели, според принципите на M-Class.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Името Mercedes уште еднаш влезе во историјата, овојпат како марка што го понуди првиот луксузен SUV во светот. За исклучителната важност на овој модел, многумина сметаат дека токму овој модел, како и иновирањето на автомобилот, претставуваше историска пресвртница во развојот не само на компанијата Daimler, туку во целокупната автомобилска индустрија.

Во првите години од новиот милениум, SUV-сегментот бележеше невиден раст од дури 40% во САД. Оттогаш, овој сегмент е во постојан раст ширум светот. Минатата година тој достигна толкав размер што опфаќа дури 40% од вкупната продажба на нови автомобили во Европа.

Во фабриката на Daimler во Алабама досега се влошени над 6 милијарди долари

Daimler во фабриката во Алабама досега има вложено над 6 милијарди долари и последниве години произведе над 300.000 различни модели во вредност од над 5 милијарди евра, кои се дистрибиураат во 135 земји ширум светот.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Mercedes-Benz е најпродаван премиум бренд во светот, далеку пред својата конкуренција. Минатата година се продадоа над 2,3 милиони возила со сребрената ѕвезда, од кои дури 35% беа SUV-модели.

Новиот GLE веќе стартува во официјалната понуда на Mercedes во Македонија

Успешната приказна на Mercedes со SUV-моделите продолжува со појавувањето на новата, досега четврта генерација на GLE во последниве повеќе од две децении. Наледникот на M-Class е веќе достапен во салонот на Мак Аутостар (повеќе инфо на https://urlzs.com/i4d4q), но и како тест возило, каде може да се испробаат сите врвни технологии на новиот модел.

Новиот GLE се карактеризира со исклучителна динамичност и удобност и досега невидена проодност на возилото при лоши теренски услови на движење. Како најголем доказ за најдобрата проодност на возилото се направените тестови при движење во песочните пустински предели, каде новиот GLE се движи како да танцува на песокот. Поради ова, новиот GLE е наречен танцувачки“ автомобил.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Системот кој го овозможува тоа е E-ACTIVE BODY CONTROL, светски единствена технологија на Mercedes. Системот се состои од електро-хидраулична суспензија, којашто работи побрзо и поседува повеќе функции поради преоѓањето на четирикратно повисок напон, од 48 волти. Возилото располага и со систем DYNAMIC SELECT, кој нуди 4 однапред дефинирани програми на возење, во зависност од условите.

Новиот модел GLE исто така е светски шампион во аеродинамичност во класата, со коефициент 0,29. За тоа да го постигнат, инженерите на Mercedes воведоа серија иновативни решенија при дизајнирањето на возилото.

Внатрешноста на возилото остава силен впечаток со својот дизајн и со применетите материјали, а до израз доаѓаат двата големи екрани, кои се контролираат со допир и се со големина од 12,3 инчи, при што формираат еден голем екран.

New photo by Automedia MK / Google Photos

И во овој модел е вграден MBUX интелигентниот систем за комуникација на возачот со автомобилот. Новитет е можноста со системот да управува и совозачот, при што MBUX е во можност да ја разликува дланката на возачот од таа на совозачот, а со тоа на пример, интелигентниот систем на возилото знае кому треба да ја активира функцијата масажа, вградена во седиштето. Инаку, овој интелигентен систем нуди пристап за дотерување на 40-тина различни функции во возилото.

Новиот Mercedes-Benz GLE е прв SUV модел кој ги задоволува Euro 6d стандардите. Понудата се состои од 6-цилиндарски дизел во GLE 400 d 4MATIC, со моќност од 330 КС и вртежен момент од 700 Nm, од GLE 350 d 4MATIC со 272 КС и GLE 300 d 4MATIC со 245 КС.

Достапни се и два бензински мотори, едниот со 6 цилиндри, другиот V8, кои работат во комбинација со електромотор и ослободуваат соодветно 367 КС, односно 490 КС.

View this post on Instagram

ПРЕМИЕРНО! – Погледнете го видеото на „танцувачкиот“ автомобил, како што го нарекуваат новиот GLE, поради својата нова иновација –  E-ACTIVE BODY CONTROL, систем кој овозможува секое тркало одделно да „танцува“ врз најтешко проодните патишта, нерамнини покриени со снег, песок. ПРЕМИЕРНО! Новиот GLE или некогашната М-Класа – автомобилот кој го промени светот – првиот луксузен SUV, премиерно во салонот на Мак Аутостар. Новиот GLE – Со сите сили!

A post shared by Mercedes-Benz Мakedonija (@mercedesbenzmk) on

Бушава абецеда според Mercedes: Меѓу GLA и GLC доаѓа GLB

Mercedes-AMG CLA 35: Комби жолто како завист, со 306 КС

Трикратна ѕвезда во салонот на Mercedes: Цивилен болид AMG GT R

Mercedes GLE ќе го прави шоуто на салонот во Париз

Mercedes-AMG GLE 53 со мала напомена: Благ хибрид


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

196
24 shares, 196 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *