за

Германски министер вози Mercedes со погон на водород

mercedes glc f-cell minister germanija

рг доби службено возило што не испушта грам штетни материи и со едно полнење вози до најдалечната точка во земјата. Станува збор за Mercedes GLC F-Cell, во основата електричен автомобил, но не на батерии, туку на водород

Автомобил со нулта емисија, што значи дека станува збор за погон на струја, но таков што нема ограничувања во досегот и способен е со едно полнење да извози до најдалечните краишта на Германија. Таков е новиот службен автомобил на Винфрид Кречман, премиер на германската покраина Баден Виртенберг. Возилото е Mercedes GLC F-Cell, со погон на водород, кое е единствено со егзотичниот вид на погон, што воедно поседува и можност за надворешно полнење на батеријата, односно е плагин-хибрид.

Специјалната изведба на СУВ-моделот GLC, со додавка F-Cell, официјално беше претставена пред јавноста за првпат на салонот во Франкфурт во 2017 година. Во меѓувреме стартуваше и испораката и првите возила веќе се наоѓаат во редовна примена кај избрани клиенти. Министерот Кречман цени дека „овој автомобил е параден пример за одржливата мобилност.“

Mercedes GLC F-Cell вози до 430 километри на водород, а потоа уште 51 километри на батерија

Очигледно е дека постои голема разновидност на погоните што не ѝ наштетуваат на животната средина и на коишто им претстои уште долга иднина, по целосното заминување на моторите со внатрешно согорување. Daimler го гледа најголемиот потенцијал на погонот на водород во камионскиот транспорт, како и во возењето на долги релации.

Mercedes GLC F-Cell

Чистиот водород е сместен во два резервоари во подот на Mercedes GLC F-Cell, со вкупна зафатнина од 4,4 литри. Под притисок од 700 бари, резервоарите се полнат за само три минути, колку што впрочем трае и полнењето гориво кај автомобилите со обичен погон. Истите се изработени со врвна технологија, и меѓу другото поседуваат и карбонска обвивка за заштита од механички оптоварувања.

Потрошувачката на водород изнесува околу 1 kg на сто километри, односно Mercedes GLC F-Cell може да извози 430 километри само на водород. На тоа следат уште дополнителни 51 километри, за колку што има енергија во батеријата.

Водородниот Mercedes GLC F-Cell почнува со продажба

За погонот на водород нема лош збор: Mercedes GLC F-Cell

Супертранспортер: Mercedes Sprinter со дизел V6 и погон 4х4

Mercedes достигна една милијарда допаѓања на инстаграм

Првиот електричен автобус Mercedes eCitaro вози во Хамбург

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

форд македонија донација дом деца

Форд Македонија исполни новогодишни желби на децата од домовите без родители

макпетрол наградна игра верна 18

Макпетрол додели Хонда Сивик за најсреќниот корисник на Верна