167
47 shares, 167 points

Mercedes GLB е сосем нова моделска изведба во гамата на A-Class, поголем од кросоверот GLA и со различен стилски настап, но и со седум седишта. СУВ-моделот се води како концептен автомобил на салонот во Шангај, но е сосем извесно дека тој ќе стане редовен дел од моделската понуда на Mercedes.

Се појави и осмата каросериска изведба што Mercedes ја најави во семејството модели што се базирани на A-Class. На салонот во Шангај првпат се појавува Mercedes GLB, засега како концептен автомобил, но наскоро дел од понудата од модели во компакт класата, покрај A и B-Class, лимузината и нејзината продолжена изведба за Кина, стилската двојка CLA и CLA Shooting Brake, и покрај GLA, кого што исто така го очекуваме да се појави во нова генерација.

Mercedes GLB има подолго меѓусокино растојание (2.829 милиметри) од A-Class, долг е 4,63 метри, широк 1,89 и висок 1,9 метар. Со тоа се овозможи вградување трет ред седишта, односно место за седум патници. Во целина, автомобилот повеќе „влече“ кон СУВ и предвиден е за теренски тури што не се само обично возење по земја.

Сосем логично, Mercedes GLB е позициониран меѓу GLA и GLB, со техника од првиот и габарити од вториот

Марката со сребрената ѕвезда досега има продадено повеќе од шест милиони примероци од своите СУВ-модели. Со преку 820.000 возила лани, овој сегмент имаше најголем удел во продажбата на Mercedes.

Линиите се едноставни, површините чисти, ветробранот исправен – Mercedes GLB непогрешливо укажува дека влече потекло од легендарниот G-Class. Бидејќи кај концептните автомобили секогаш има место за експерименти, новиот модел се појавува на салонот во Кина со по две „стреи“ напред и назад, во коишто се сместени диодни светла. На тоа се надоврзуваат кровни шини во форма на лак и багажник што е прилепен врз покривот.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Концептот на ракување MBUX секако дека е нераздвоен дел од концептниот автомобил. Нов детал внатре се алуминиумските цевки, кои се поставени долу под арматурната табла. На карактерот на теренец потсеќаат и хоризонталните рачки во вратите, исто така изработени од алуминиум.

Моторот е дволитарски турбо бензинец со 224 КС, во комбинација со 8-степен менувач со двојна спојка. Mercedes користи „обичен“ погон со цел да покаже дека има уште простор за усовршување кај моторите со внатрешно согорување: Смалување на триењето во сите подрачја, нов вид лесноодно масло, разладни канали во самите клипови или Camtronic со два различни одови на вентилите се само дел од мерките.

Голем нагласокс е става на теренските способности, GLB практично треба да претставува смален G-Class

Погонот на сите тркала е стандард, со можност за избор на три режими со кои се менува распределбата на вртежниот момент меѓу двете оски: Еко/Комфор со 80:20, Спорт со 70:30 и Терен со 50:50. Генерално, техниката на погонот на сите тркала кај GLB поседува неколку можности со коишто се обезбедува поголема теренска пробивност од повеќето конкурентски модели во сегментот.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Салонот во Шангај веќе има послужено како сцена за лансирање на модел на Mercedes од овој сегмент. Пред шест години, таму имаше премиера Mercedes Concept GLA. Доколку го следи истиот пример, новиот модел на Mercedes ќе може да се нарачува веќе во ноември, за испораките да следат рано напролет во 2020 година.

Лани Mercedes испорака околу 610.000 примероци од своите модели од компактната класа, од A-Class до GLA. Тоа значи дека еден од секои четири продадени автомобили на Mercedes во 2018 година бил модел од семејството компакти.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

167
47 shares, 167 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *