144
19 shares, 144 points

Што има заедничко компактниот СУВ во стил на G-Class со Cadillac Escalade или со Lexus RX L? Седумте седишта. Mercedes GLB на база на A-Class ќе пристигне во салоните пред крајот на годинава. Можно е тоа да биде и почеток на новиот бестселер со сребрена ѕвезда, барем во компакт класата.

Mercedes цени дека светот се има дадено во зголемување на популацијата или можеби и поголемо дружење, па од крајот на годинава ќе го продава новиот GLB, со можност да се нарача и во изведба со седум седишта. СУВ-моделот со робусен стил првпат се појавува во компакт класата на Mercedes, покрај A и B-Class, „лимо“ AClass, CLA и CLA Shooting Brake, плус A-Class L за Кина. Останува уште GLA, кој веројатно уште повеќе ќе го нагласи концептот на кросовер.

Моментно е мал бројот на СУВ-модели што нудат опција за трета клупа: BMW X7, Cadillac Escalade, Honda CR-V, Hyundai Santa Fe, Lexus RX L, Mercedes GLS, Mitsubishi Outlander и Volvo XC90. И Mercedes GLB, единствен во компакт класата. Доплатата за третиот ред според германскиот ценовник изнесува 1.309 евра. Моделот пристига во салоните, што значи и во Мак Аутостар, пред крајот на годинава.

Главните обележја се напредните системи за асистенција, MBUX, новата занимација Energizing (чини околу 1.700 евра). Дизелот е дволитарски OM 654q, кој ги исполнува строгите норми благодарение на Адблу и SCR-катализатор, а тоа соодветно се покажува и во цената.

Кај моделите со погон на сите тркала може да се нарача и пакет за терен, што покажува дека во Mercedes се мислело и на функционалноста на GLB за теренско возење. Во продолжение техничките податоци и германските цени на одделните моделски изведби.

GLB 200

GLB 250 4MATIC

Зафатнина (cm³)

1.332

1.991

Моќност (kW/КС)

120/163

165/224

при (1/min)

5.500

5.500

Вртежен момент (Nm)

250

350

при (1/min)

1.620-4.000

1.800-4.000

Потрошувачка (l/100 km)

6,2-6,0

7,4-7,3

CO2 (g/km)

142-138

169-166

0-100 km/h (s)

9,1

6,9

Крајна брзина (km/h)

207

236

Цена од (евра)

37.746,80

44.857,05

  

GLB 180 d

GLB 200 d

GLB 200 d 4MATIC

GLB 220 d 4MATIC

Зафатнина (cm³)

1.950

1.950

1.950

1.950

Моќност (kW/КС)

85/116

110/150

110/150

140/190

при (1/min)

3.400-4.400

3.400–4.400

3.400–4.400

3.800

Вртежен момент (Nm)

280

320

320

400

при (1/min)

1.200-2.600

1.400-3.200

1.400-3.200

1.600 – 2.600

Потрошувачка (l/100 km)

5,0-4,9

5,0-4,9

5,5-5,2

5,5-5,2

CO2 (g/km)

132-129

133-129

145-136

146-138

0-100 km/h (s)

11,3

9,0

9,3

7,6

Крајна брзина (km/h)

188

204

201

217

Цена од (евра)

37.770,60

39.258,10

41.471,50

44.601,20

View this post on Instagram

Оцените от 0 до 10 новый GLB! 🤘🏽😎 Расскажу о нем в ПНД на YouTube и там же ТЕСТ GLS, а пока давайте первично познакомимся с этим красавцем 🔥 ⠀ Лично мне внешне он очень зашел – крутые и резкие формы, эдакий мини G-Class, вопрос только сколько он будет стоить в таком фарше…) 😅 ⠀ Внутри ожидаемый вид как и в других новых «Мерсах», в этом плане ничего нового, за исключением некоторых элементов, на которых мы заострим внимание в подробном ролике в понедельник : ) ⠀ Ждем его в России в 2020 году и обратите внимание, что теперь у Mercedes-Benz предельно полный ряд кроссоверов – G-Class, GLS, GLE, GLC, GLB, GLA… ЧТО ЗА МОНСТРЫ СВОЕГО ДЕЛА!) 😈 ⠀ — ⠀ Rate from 0 to 10 the all new GLB! 🤘🏽😎 I will tell you more about it on my YouTube on Monday in the same video where you will see GLS review and right now let’s have a first look on this beauty 🔥 ⠀ I really enjoy its exterior – aggressive forms – it’s like a little G-Class but the onliest question is how expensive it will be with such spec…) 😅 ⠀ Interior of course looks the same as other new Benz cars BUT there are some new elements BUT you will see all this details in our big video on Monday : ) ⠀ And also check that now Mercedes-Benz has an SUV in every segment – G-Class, GLS, GLE, GLC, GLB, GLA… WHAT A MONSTERS OF PRODUCTION!) 😈 ⠀ — ⠀ #USA_test #Utah_test #SaltLakeCity_test #GLB_test ⠀ #MercedesBenz_test #MercedesBenz_trip #GLS_test ⠀ — ⠀ #MercedesBenz #GLB #USA #SaltLakeCity #Utah #MB ⠀ — ⠀

A post shared by Алан Енилеев (@alan_enileev) on


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

144
19 shares, 144 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *