154
21 shares, 154 points

Шефовите во Mercedes ценат дека тоа е новиот бестселер на марката во делот на компактните модели, сосем новата СУВ-изведба којашто е позиционирана над GLA. Бензинецот GLB 200 и дизелот GLB 180 d чинат исто, околу 42.000 евра. Има цени и за хибридот во гамата на A-Class.

Традиционално брзо се одвиваат работите во Мак Аутостар околу објавувањето на цените за новите моделски изведби во понудата на Mercedes. Пролетоска GLB славеше премиера на салонот во Женева, моделот е веќе подготвен за пазарен старт, вклучувајќи го и нашиот пазар.

Компактниот СУВ, конструиран врз платформата на A-Class, во моделската изведба GLB 200, со турбо бензинец од 1,33 литар и моќност од 163 КС, почнува од 41.990 евра. Истата цена важи и за основниот дизел GLB 180 d, со 1,5-литарски дизел и 116 КС. Бензинската понуда ја дополнува GLB 250, со турбо-дволитарец со 224 КС и цена од 47.980 евра. За изведба со погон на сите тркала е потребно да се додадат уште 2.730 евра.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Кај дизелите, следат GLB 200 d со дволитарски дизел со 150 КС за 43.980 евра и неговата изведба со погон на сите тркала за 47.500 евра. Врвот му припаѓа на GLB 220 d, со дволитарец со 190 КС, стандардно со погон на сите тркала и цена од 50.480 евра.

Круна во гамата на новиот компактен СУВ е Mercedes-AMG GLB 35 4Matic, неговата цена ќе биде објавена подоцна

Компактниот СУВ со стилски цитати на легендата G-Class, настапува со поголема теренска проодност, во споредба со GLA, чијашто генерациска смена престои наскоро. Посебност на GLB е тоа што може да се нарача изведба со седум седишта.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Каросеријата има димензии 4,64 х 1,84 х 1,66 метар, со меѓуоскино растојание од 2,93 метри. Растојанието од подлога изнесува 135 mm. Багажникот располага со 570 литри во конфигурација со пет седишта, односно 1.805 литри при соборена клупа. Моделот може да се очекува во салон веќе во декември.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Новитет е плагин-хибридната изведба во гамата на A-Class. Со моќност од 160 КС од бензинецот и уште 102 КС од електромоторот, Mercedes A 250 e постигнува системски 218 КС и вртежен момент од 450 њутнметри. Просекот според посебната норма за плагин-хибриди изнесува 1,1 литар, по WLTP. Со полна батерија, A 250 e минува до 68 километри. Полнењето на обичен куќен приклучок трае 5,5 часови, односно 1,75 часа при користење посебен полнач и само 25 минути при приклучување на еднонасочна струја. Цената за моделот што е ослободен од акциза изнесува 36.000 евра. Во лимузинската изведба A 250 e Sedan, цената е 36.990 евра.

Mercedes-AMG GLB 35: Седум седишта со пет секунди до сто


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

154
21 shares, 154 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *