за

Mercedes GLA како следно стилско крунисување на гамата на A-Class

mercedes gla skica najava
mercedes gla skica najava

Mercedes уште претходно ја најави светската премиера на GLA, како осми и завршен член во моделскиот октет околу A-Class, за в среда на 11-ти декември. На својствен начин за Штутгарт, скицата што сега е пуштена по социјалните мрежи открива веројатно половина од стилот на вистинскиот модел.

Семејството модели од компактната класа на Mercedes во актуелната генерација станува октет. Осмиот член пристига за два дена, на 11-ти ноември, со премиера на веб-страницата на Mercedes во 14 часот. Бидејќи гамата на A-Class по ново го вклучува и СУВ-моделот GLB, со повеќе робусен изглед во стил на G-Class и со седум седишта, остана повеќе „простор“ за дизајнерите кај GLA да го нагласат купе-карактерот, кој ја одликуваше претходната генерација.

Како што објавивме претходно, новиот GLA ќе биде повисок и ќе нуди повеќе простор во кабината наспроти претходникот, со што ја напушта позицијата на кросовер и се ориентира како купе-СУВ. Втората генерација на GLA ќе се појави во салоните на Mercedes напролет.

Скицата открива дека задните светла на новиот модел ja преземаат формата од A-Class, но графиката во нив ја користи шемата што се појави со фејслифтот на GLC. Задното стакло е закосено и му дава вкусна стилска завршница на автомобилот. Продолженото меѓуоскино растојание во споредба со претходникот, во комбинација со зголемената висина на околу 1,6 метар и должината од 4,52 метри, ќе му обезбеди нови пропорции на GLA.

Mercedes GLA
Mercedes GLA

Понудата од мотори во основа ќе биде иста со останатите модели во семејството на A-Class, вклучувајќи изведба со плагин-хибриден погон по пример на A 250e, додека на врвот се сосем извесни A 35 и А45 AMG. Напредните системи за асистенција и веќе задолжителниот систем за говорна комуникација MBUX се подразбираат, исто како и можноста за инструментите и средишниот дисплеј да бидат изведени како една целина. Изведба со погон на сите тркала е сосем реално да биде вклучена во понудата.

Mercedes го најавува осмиот A-Class: Кросоверот GLA премиерно на 11-ти декември

„Е“ е новото „Д“: Хибриди во гамата на Mercedes A-Class

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Доаѓаат нови закони, автомобилите ќе загадуваат по старо

Доаѓаат нови закони, автомобилите ќе загадуваат по старо

BMW одликуван како најдобар работодавец во светски рамки

BMW одликуван како најдобар работодавец во светски рамки