153
22 shares, 153 points

Mercedes G 350 d Limited Edition

Класичарот меѓу теренските возила е кусо пред заминување. На вообичаениот начин, Mercedes G-Class ќе се поздравува со неколку специјални серии. Оваа ќе се изработи во само 463 примероци, карактеристика е изобилството од опрема.

Со 1.445 метри, Шекл е далеку од највисокиот врв на Алпите. Но, планината покрај Грац важи како исклучителен предизвик за фановите на теренското возење. Mercedes со години ги користи планинските терени во близина на фабриката на G-Class како тест-патека.

mercedes g-class limited edition 6

Плакетата со којашто се потврдува освојувањето на Шекл е втисната во потпирачот за рака на G-Class Limited Edition. Околу неа пишува „Schöckl proved since 1979“ и „Limited Edition 1 of 463“. Трите специјални модели однадвор се препознаваат по натписот Limited Edition на предниот столб.

Лимитирана серија на G-Class во три варијации, со различни мотори и различен стил

Серијата ја сочинуваат G 350 d, G 500 и G 350 d Professional, сите со различни обележја и сите со дополнителна ознака Limited Edition. Првата моделска изведба е најличната, во ексклузивна мока-црна боја, бандажи AMG од 19 инчи, пакет додатоци од облагороден челик и затемнети задни стакла. Кожата внатре е во кафена боја, исто така од ексклузивната понуда „designo“.

Пробивањето по теренот е специјалност на G 350 Professional, во кинеско сина боја, со челичен браник напред, сите можни теренски заштити и носач за багаж на покривот. Во стилот на старите моделски годишта, седиштата имаат препознатлив каро-дизајн.

Од работен теренец во 1979 до луксузен крстосувач со пијано-финиш и ТВ-прием

Најекстремен е G 500, со платинска магно боја, црни каросериски додатоци. За контраст служи пакетите со предзнак хром и спорт. Озвучувањето е Harman Kardon, има и ТВ-прием, грејач на ветробранот и загревање на кабината во место со далечинска команда. Секако дека и кожата внатре е во црна боја, заедно со волан AMG, пијано-финиш и дрски детали, како држач за рака обложен со кожа.

Цените по ред, домаќински точни до втора децимала: 122.918,67 евра, 103.940,55 евра и 140.164,15 евра. Неодоливо за колекционерите да додадат уште еден примерок од G-Class, пред легендата да ги напушти производствените хали.

Mercedes G 350 d Limited Edition

mercedes g-class limited edition 2

 

mercedes g-class limited edition 1

Mercedes G 350 d Professional Limited Edition

mercedes g-class limited edition 4

mercedes g-class limited edition 5

Mercedes G 500 Limited Edition

mercedes g-class limited edition 7

mercedes g-class limited edition 3


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

153
22 shares, 153 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *