за

Во Грац се врати производството на Mercedes G-Class

Во Грац повторно се произведува Mercedes G-Class
Во Грац повторно се произведува Mercedes G-Class

Фабриката на Magna Steyr во австрискиот Грац работи повторно и произведува Mercedes G-Class. Уште неколку фабрики за автомобили во Европа го вратија производството.

Фабриката на Magna Steyr во Грац, во австриската сојузна покраина Штаерска, повторно произведува, по привремениот прекин поради пандемијата од корона. Како што се наведува во соопштението оттаму, вратено е производството на Mercedes G-Class под зајакнати безбедносни и хигиенски мерки. Уште неколку производители најавија обновување на производството во Европа.

Во фабриката во Ѓер, Унгарија, повторно се произведуваат мотори за Audi. Место 8.000 мотори, се изработуваат само по неколку стотини мотори дневно, затоа што се работи во само една смена, место во вообичаените три смени. Audi најави дека ќе го обнови и производството во фабриката во Брисел, од кадешто излегуваат електричните СУВ-модели e-tron и e-tron Sportback.

По три недели пауза, повеќе не мируваат и производствените ленти во фабриката на Hyundai во Ношовице, Чешка. Таму се работи во две, место во три смени, секако со почитување на строги правила за хигиена.

Порше Македонија детално ја објаснува процедурата на заштита на клиентите и на својот персонал преку ова видео

https://www.instagram.com/p/B-9ImTsHIgR/

Audi подготвува враќање во погон на фабриката во Брисел

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

автобуси со погон на водород Solaris_Urbino_12_hydrogen

Холандија нарача 20 автобуси со погон на водород

baojun електричен автомобил Кина

Multipla уште е инспирација во Кина и вози на струја