за

Центарот за теренски екстреми на Mercedes во Австрија се отвора напролет

Mercedes G-Class Experience Center
Mercedes G-Class Experience Center

Заврши изградбата на новиот центар за возење на Mercedes G-Class во екстремни теренски услови во близина на Грац. Напролет во австрискиот центар ќе може да се седне во тест-возило и четири часови да се ужива во возење какво што ретко може да обезбеди друг теренец.

Mercedes во почетокот на годинава постави камен темелник на новиот центар за возење G-Class во екстремни услови во Австрија, во меѓувреме изградбата се комплетираше и првите клиенти се чекаат напролет. Центарот што се води официјално под името G-Class Experience Center се наоѓа на поранешниот воен аеродром Нитнер, на 15 километри оддалеченост од Грац.

Ентузијастите за теренско возење ќе можат од следната пролет да ги доживеат можностите на G-Class, воедно да ги проверат своите возачки граници и да стекнат умешност во теренското возење. Дека не станува збор за обичен центар говори фактот што во близина се наоѓа прочуениот Шекл, односно патеката што се вбројува меѓу најтешките и најсложени предизвици за теренско возење и којашто мора беспрекорно да ја совлада секој Mercedes G-Class, без разлика на генерацијата и моделската изведба.

Возење во екстремни услови подразбира искачување под агол од 45 степени и минување низ водена површина длабока 70 сантиметри

Новиот центар покрива површина од преку 100.000 метри квадратни и опфаќа четири модули за теренско возење. На природниот и на вештачки подготвениот терен за теренско воздење G-Rock може да се доживеат искачување по различна подлога и агол, како и возење под големо странично навалување и минување низ водена површина длабока 70 сантиметри.

Изведени се и различни пречки за вежбање на правилен пристап, делови под нагорнина од 100 проценти и асфалтирана површина, по делот од пистата по кој порано „таксирале“ авиони. Тука може да искуси сопирање во екстремни услови и слалом во гранично подрачје на стабилност. Сите информации за центарот се достапни на посебниот вебсајт https://g-class-experience.com/.

Програмата е предвидено да трае 4 часови во активно возење. На располагање стојат Mercedes G 500, G 350 d и AMG G 63. По возачкото искуство следи посета на фабриката за Mercedes G-Class во близина на Грац.

Mercedes прави игралиште за G-Class во Австрија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

bmw serija 2 gran coupe

BMW стартува со производство на купе-лимузината од серијата 2

Porsche 911 (992)

Холдингот Porsche SE го зголеми профитот за третина