за

Mercedes прави игралиште за G-Class во Австрија

Mercedes G-Class centar exp

Кога станува збор за G-Class, теренското возење е игра, не е тешкотија. Во близина на Грац започна изградба на таканаречен центар за доживување на „Geländewagen“, со тешки теренски предизвици. Неофицијално, игралиште.

На десетина километри оддалеченост од австрискиот Грац, започна изградбата на нов центар за доживување за G-Class. Сопствениците и фановите ќе можат во центарот да ги искусат сите можности на робусниот теренец на Mercedes. Пуштањето во работа е планирано уште годинава.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Според др. Гунар Гитхенке, шеф за теренските возила на Mercedes, „новиот G-Class е уште поспособен на теренот од претходникот.“ Легендарната теренска патека Шекл, една од најтешките рути за совладување со теренско возило, останува и натаму резервирана само за тест-возачите на Mercedes, за сите можни испробувања и дотерувања при развојот на новите модели.

New photo by Automedia MK / Google Photos

На површина од 100.000 метри квадратни ќе има четири модули за тестирање: Природна и вештачка патека за теренско возење, рид со различни пречки и нагорнина до 100 %, како и асфалтирана патека, за слалом и тестови со избегнување пречки на патот. Природните биотопи не се нарушуваат и ќе се отстранат само неколку дрвја.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Центарот за G-Class е на 20 минути пат од фабриката на Magna Steyr, кадешто моделот се произведува уште од 1979 година. Новиот модел стартуваше со продажба лани во јуни. Новото подвозје, неколкуте специјални програми за возење, вклучувајќи „G-Mode“ и 100-процентните блокади на трите диференцијали, сето тоа обезбедува уште подобри теренски својства од легендарниот претходник.

Легенда со легенда: Арнолд Шварценегер прв зад воланот на G-Class

Suzuki Jimny го следи примерот од G-Class

Фотограф и режисер единаесет денови „ловат“ сцени со G-Class во Финска

Нов дизел за Mercedes G-Class за следните 40 години

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

opel adam so model

Opel првпат профитабилен по 20 години

Ford what3words Navi

Ford со две нови мобилни апликации за навигирање