134
61 shares, 134 points

Четириесетте години иднина на новиот дизел повеќе се како симболика за безвременските квалитети на „Geländewagen“, за Mercedes G-Class. Тој и во иднина ќе биде ценет теренец, без оглед на моторот

Mercedes G-Class во првото ново издание по четири децении вози од јуни годинава. Изборот досега се сведуваше на ексклузивните моторизации, G 500 и AMG G 63, за клиенти на коишто цената и потрошувачката повеќе им се од информативен карактер. Сега почнува и штедењето, како во цената на возилото, така и во цената на километрите, со новиот G 350 d. Книгата со нарачки се отвора во јануари, испораките почнуваат напролет.

Новиот дизел OM 656 веќе се вградува во E-Class, S-Class и GLE, во верзиите 350 d / 400 d. Главните цели при развојот бea да се зголеми моќноста, при истовремено смалување на потрошувачката на гориво, како и подобрување на акустичниот комфор. Топ-дизелот се одликува со двостепено турбонатполнење, со посебна форма на челото на клипот и со варијабилно управување со вентилите Camtronic.

Теренските способности останаа исти, комфорот напредуваше светслосни години – исто како и погонската техника и системите за асистенција

New photo by Automedia MK / Google Photos

Линискиот шестцилиндарец троши помалку од кој било дизел во G-Class досега и воедно е најсилен дизел во историјата на теренецот. Моќноста изнесува 286 КС, вртежен момент од 600 њутнметри се сервира континуирано од 1.200 до 3.200 вртежи.

Заради исполнување на строгата норма Euro 6d-Temp, трилитарецот користи дополнителен SCR-катализатор. Со впрскување на AdBlue драстично се намалуваат азотните оксиди во издувните гасови, односно до 80% од овие штетни гасови се претвораат во азот и вода. Екстра заштеда на гориво се постигнува во програмата за возење Eco, кога се прекинува погонската спрега меѓу моторот и менувачот при секое отпуштање гас, што жаргонски се води како „едрење“.

Основни технички податоци · Mercedes G 350 d
  • Работна зафатнина 2925 cm3
  • Пречник х Од 82,0 x 92,3 mm
  • Компресија 15,5:1
  • Моќност 210 kW (286 КС) при 3400-4600/min
  • Вртежен момент 600 Nm при 1200-3200/min
  • Потрошувачка (NEDC) 9,8-9,6 l/100 km
  • Емисија на CO2 259-252 g/km
  • Забрзување 0-100 km/h за 7,4 s
  • Крајна брзина 199 km/h

Голем напредок е постигнат во смалувањето на бучавата од моторот. Активните држачи на моторот, на пример, при возење побавно од 5 km/h се префрлуваат во мек режим, за да го спречат пренесувањето на вибрациите од моторот врз носечката рамка. Наспроти тоа, двата држачи автоматски скрутуваат при повисоки брзини, во корист на возната динамика и придушувањето на вибрациите.

Класичниот стил на каросеријата оди во комбинација со супермодерен кокпит, вклучувајќи го и MBUX, со славната команда „Еј, Мерцедес“

New photo by Automedia MK / Google Photos

Деветстепениот класичен автоматик има добиено специфичен софтвер за теренецот, за побрза реакција и за покусо менување на степените. Покрај тоа, кусо пресметаниот прв степен на пренос му овозможува брз старт на семафор на дизелскиот G-Class. Подобрено е и кусото меѓузабрзување при пониски вртежи, во споредба со претходникот.

Постојан погон на сите тркала со распределба 40:60 за возење по асфалт и редуктор за возење по екстремен терен

Вистинскиот специјалитет на G-Class е новиот разводен преносник, кој пренесува до 40% од вретежниот момент напред и до 60% н азадната оска. Со ваква распределба, постојаниот погон на сите тркала е оптимиран за возење по асфалт. Но, G-Class не би бил „Geländewagen“ без врвни возни својства на терен. Само еден, но вреден детал, што денес е реткост во браншата: Редукторот значително го зголемува вртежниот момент што се пренесува до погонските тркала и овозможува пробивање и по најтежок терен.

Традиционален детал на G-Class: Трепкачите врз предните крила во класичен стил, со модерна техника

New photo by Automedia MK / Google Photos

Сериската опрема е збогатена во споредба со претходникот, вклучувајќи кожени седишта, арматурна табла обложена со вештачка кожа и природно дрво со отворени пори. Имајќи ја предвид богатата и отмена клиентела на G-Class, Mercedes ги нуди на располагање и услугите на одделението „designo manufaktur“, коешто изработува по нарачка.

Целото производство на Mercedes G-Class практично се врши рачно. За производство на еден автомобил се потребни најмалку 100 часови, зависно од избраната опрема или детали по нарачка. Тоа прави класичниот теренец во модерно издание да биде уште повреден.

За приспособливата погонска спрега може да се избира меѓу петте програми на Dynamic Select. Притоа, соодветно на условите на возење или желбите на возачот се менуваат режимите на работа на моторот, менувачот, подвозјето и управувањето.

Подобар на терен, подинамичен на асфалт

Новиот G-Class доби комплетно нова предна оска, којашто ги задржува теренските својства на претходникот, а во дел и ги надминува. Така на пример, одделни делови од оската со две триаголни водилки се поврзани директно на носечката рамка, место на помошна рамка. Покрај тоа, долната водилка е поврзана колку можело повисоко, за да се постигне врвна проодност по теренот.

Оддалеку изгледа исто како што неговиот претходник изгледал 40 години, но деталите го откриваат новиот G-Class

New photo by Automedia MK / Google Photos

Назад работи нова крута оска со четири надолжни водилки и панардов лост. Таа во голем дел учествува во зголемениот возен комфор на G-Class. Бројки за екстремни ситуации: Работниот и повратниот од на задната оска изнесуваат 82, односно 142 милиметри, а растојанието на задниот преносник од подлогата изнесува 241 милиметри.

Славната реклама со вицот беше често споделувана по мрежите

Тоа што започна како соработка меѓу тогашниот Daimler-Benz AG и австрискиот Steyr-Daimler-Puch, денес е нераздвоен дел од автомобилската историја, но и надвор од сферите на автомобилизмот. Ланското лето во Грац беше произведен 300.000-от примерок, во моделската изведба G 500, со детали изработени по специјална нарачка.

Што се однесува до дизелот, Mercedes G-Class веројатно ќе биде последниот автомобил во кого што ќе се вградува дизел мотор. Во истава генерација.

Фотограф и режисер единаесет денови „ловат“ сцени со G-Class во Финска

Легенда со легенда: Арнолд Шварценегер прв зад воланот на G-Class

G-Class е ист како порано, само е многу подобар

Мексиканска тура за збогување со G-Class

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

134
61 shares, 134 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3813