135
21 shares, 135 points

Како да се создаде наследник на диносаурусот меѓу автомобилите, којшто ќе биде ист како претходникот, само подобар од него? Логично, ќе се задржат пропорциите и кутиестиот изглед, ќе остане и носечката рамка заедно со сите блокади на диференцијали, како што е ред кај вистински теренец, но во таа основа ќе се вгради најмодерна техника. И, новиот G-Class е готов.

Секако дека предизвикот беше многу повеќе од тоа. G-Class од ерата на електричните и роботските автомобили изгледа апсолутно исто како во 1979 година. Неколку суптилни дотерувања не го менуваат дизајнот, туку му даваат уште поголема самоувереност.

Кај новиот G-Class нема што да се филозофира. Ако претходникот беше издржлив, пробивен по секаков терен, моќен и сигурен, новиот е сето тоа, само уште малку повеќе.

mercedes g-class 2

Цената останува непроменета, Mercedes нема намера да ја претвори G-Class во ретро модел и да наплаќа екстра за тоа. На германскиот пазар, G 500 чини 107.040 евра, што е блиску до претходникот (106.701 евро). Испораката стартува во мај. Стандардниот пакет опфаќа диодни светла, армада од системи за асистенција, кожени седишта, повеќе отколку што е потребно.

Ширината на каросеријата на новиот G-Class порасна за 12 сантиметри

Сите стилски елементи се присутни: Рачките на вратите и препознатливиот звук при затворање на вратите, дебелите заштитни лајсни, резервното тркало закачено на задната врата, па дури и трепкачите. Веродостојноста оди дотаму што и шарнирите на вратите се поставени однадвор, а и хаубата „легнува“ врз каросеријата. Должината е променета незначително, со плус од 53 милиметри, но затоа ширината порасна за дури 121 милиметар. На задната клупа има 15 сантиметри повеќе простор за нозе.

mercedes g-class 6

Внатрешноста се покажува во комплетно ново светло. Неколку детали сепак се надоврзуваат на надворешниот дизајн, како отворите за воздух во стил на тркалезните предни светла или звучници што личат на типиниуте трепкачи на G-Class. Рачка пред совозачот секако дека не смее да отсуствува, исто како и прекинувачи за трите блокади на диференцијал, со хромиран финиш.

Однадвор класика, внатре дигитализација по пример на E-Class и S-Class

По пример на E и S-Class, може да се доплати за голем дисплеј со виртуелни инструменти, заедно со исто така огромен централен дисплеј. За стилот и обемот на информации во инструментите се избира меѓу класично, спортски или прогресивно. Во средишната конзола се наоѓа сензорско поле, со коешто може да се ракува без тргање на погледот од патот, благодарение на повратната вибрација при ракување со полето.

Од новите димензии профитира комфорот. Седиштата се за безброј класи подобрени во споредба со претходните, по желба и во „мултиконтурна“ верзија. Подвозјето е развивано заеднички со Mercedes-AMG. Предните тркала имаат независно водење, со триаголни водилки, додека назад работи крута задна оска. Оските се поставени повисоко, што придонесува за уште подобра теренска проодност. Растојанието од подлогата во делот на предниот диференцијал изнесува 270 милиметри – за почит.

mercedes g-class 5

Отпорноста на торзија на носечката рамка е значително зголемена. Крутата задна оска со четири водилки и панардова врска прави возењето по асфалт да биде покомфорно. Во таа насока продолжува и Dynamic Select, познат од останатите модели на Mercedes. Вкупно пет програми стојат на располагање за избор на работата на моторот, менувачот, подвозјето, управувањето и системите за асистенција. Специјалитет е G-Mode, кој се активира автоматски откако возачот ќе избере некоја од блокадите на диференцијал или ќе го вклучи редукторот.

Крила, хауба и врати од алуминиум, челик со ултрависока цврстина за каросеријата

Тежината е смалена за 170 килограми. Користена е комбинација од челик со висока цврстина и алуминиум, како и нови производствени постапки во фабриката во Австрија. Крилата, хаубата и вратите се од алуминиум. За напредокот во новата конструкција: Отпорноста на торзија на рамката, каросеријата и лежиштата е зголемена за 55 проценти, од 6.537 Nm/о на 10.162 Nm/о . Покрај тоа што се подобрени возната динамика и комфорот, голем чекор напред е постигнат и во намалувањето на бучавата и вибрациите.

Во Mercedes G 500 работи познатиот четирилитарски V8. Битурбо моторот располага со 422 КС и 610 Nm. Менувачот 9G-Tronic е посебно дотеран за теренски услови на возење.

Mercedes уште не открива кои мотори ќе следат по четирилитарскиот V8 од AMG. Останатите технички детали и перформансите на G 500 исто така остануваат непознати. Единствено се наведува потрошувачката од 11,1 литри. За споредба, претходникот со истиот мотор трошеше 12,3 литри на сто километри, спринтуваше до сто за 5,9 секунди и постигнуваше крајна брзина од 210 km/h. Овие податоци сепак се ирелевантни за традиционалните возачи на G-Class.

[FAG id=30485]


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

135
21 shares, 135 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format