за

Mercedes гради фабрика од милијарда евра во Унгарија

Mercedes Ungarija Full-Flex fabrika

Во унгарскиот Кечкемет се гради првата „Full-Flex“ фабрика на Mercedes. Вредна една милијарда евра, фабриката може да произведува кој било модел на Mercedes на иста лента. Станува збор за комплетно нова организација на производството, со масивна дигитализација, одржливост и со најголемо внимание за работникот

Унгарија ја доби првата Full-Flex фабрика во глобалната производствена мрежа на Mercedes. Во фабриката во Кечкемет, на иста лента ќе може да се произведува кој било модел од гамата на Mercedes, од A-Class до S-Class Cabriolet, па дури и електрични возила.

На свеченото поставување на темелите присуствуваа Маркус Шефер од управата за производство на Mercedes, унгарскиот министер за надворешна политика Петер Шијарто, градоначалничката на Кечкемет Клаудија Патаки и генералниот директор на унгарската фабрика на Mercedes, Кристијан Волф. Министерот Шијарто најдобро го посочи значењето на оваа инвестиција: „Во светската економија се одвива модерна индустриска револуција, чијшто предводник е автомобилската индустрија.“

Основниот концепт на фабриката во Кечкемет се води како „Factory 56“

Mercedes уште во јануари најави дека воведува комплетно нова организација на производството, со претставувањето на „Factory 56“ во седиштето во Зинделфинген. Во оваа фабрика, работникот е главен. Главната идеја е во целосното вмрежување на сите машини и процеси и дигитално управување со текот на материјалите. Место хартија се користат таблети, паметни телефони и часовници. Сé е дигитализирано според стандардните на Индустрија 4.0 и поврзано е сите фабрики во глобалната мрежа на Mercedes.

Mercedes Ungarija Full-Flex fabrika1

Фабриката во Унгарија е реализација на Factory 56 од идеја во реалност. Бидејќи се гради од темел, сите процеси може да се одвиваат оптимално. Погоните ќе бидат целосно оперативни дури по 2020 година.

Во фабриката ќе се вгради челик колку за речиси две Ајфелови кули

За изградбата на фабриката ќе се транспортира 972.700 метри кубни земја, а површината под покрив ќе изнесува 382.022 метри квадратни. Тоа се 54 фудбалски терени. Во втората фабрика во Кечкемет ќе се вградат 17.000 тони челик, што е за 70% повеќе отколку во Ајфеловата кула.

Mercedes Ungarija Full-Flex fabrika3

Mercedes произведува во Унгарија од 2012 година, почнувајќи со B-Class. Оттука излегуваат моделите од компактната класа. Лани во „првата“ фабрика во Кечкемет се произведоа повеќе од 190.000 модели од компактната класа. Во 2013 година започна производството на купе-лимузината CLA и на стилското комби CLA Shooting Brake. Од минатиот месец, унгарската фабрика сер вклучи и во производството на новата A-Class.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

продажба нови автомобили

Во април продадени 412 нови автомобили во Македонија

Tesla Model 3

Tesla најавува фабрика во Кина