за

„Mercedes сака да биде најомилена луксузна марка“

Mercedes сака да биде најомилена луксузна марка
Mercedes сака да биде најомилена луксузна марка

Бетина Фецер, шефица на маркетинг во Mercedes, разговара со Горден Вагенер, главниот дизајнер на Daimler, за фасцинацијата на марката и за хармонијата меѓу марката, дизајнот и луксузот.

Госпоѓа Фецер би можела да биде правнука на Мерцедес Јелинек, по којашто Mercedes-Benz го доби името. Што е тоа, што според младата менаџерка на маркетинг на автомобилскиот гигант, прави марката да остане атрактивна по сиве години досега? И што ќе ни донесе иднината на марката?

Бетина Фецер: Тоа навистина одушевува! На основачите на нашата компанија им припаѓа пронајдокот на автомобилот пред повеќе од 130 години, а марката со ѕвездата веќе 120 години е составен дел од јавниот живот. Во меѓувреме, Mercedes прерасна во синоним на германсата инженерска вештина. Во последните години марката многу се подмлади, отворајќи се за новите целни групи, додека во исто време го зајакна својот луксузен статус. Мојата главна задача е иконската марка, каква што е Mercedes-Benz, да ја унапредам од марка што ја почитуваат татковците, во марка што е почитувана и омилена за сите генерации.

За Вас, господин Вагенер, што Вам Ви значи Mercedes?

Горден Вагенер: Мојот прв автомобил беше Strich 8 (појаснување, штрих-ахт е генерацијата W114 / W115, осумката е од годината на дебито, 1968). Никогаш не се заборава „првиот пат“, без разлика дали се работи за сладолед или автомобил.

New item by Automedia MK / Google Photos

Во нашето семејство, отсекогаш се сонувало за Mercedes. Во мојата младост, mercedes возеа луѓе кои „успеале“, кои си го исполниле сонот да возат со ѕвезда на хаубата. Денес со мојот тим учествувам во создавањето на иднината на марката, тоа е сон, што се исполни.

Бетина Фецер: Отсекогаш си сакал да работиш за Mercedes?

Горден Вагенер: Да, всушност. Ако сакаш така, сакав да ги достигнам ѕвездите. Секој дизајнер цели кон тоа, да создава икони, а Mercedes ја има ѕвездата што свети со најмногу сјај. Тоа е бреме и шанса во исто време. Ако создаден добар дизајн, те слават, ако утнеш, те отпуштаат. Според Вашите анкети, автомобил како Mercedes-Benz се купува заради марката, а веќе извесно време и заради дизајнот. Тоа не било секогаш така, што значи дека става многу одговорност на плеќата, или не е така?

Бетина Фецер: Точно поради тоа, имаме тесна соработка со Горден – така има повеќе место на нашите плеќи (се смее). Но, фактички, според Interbrand – како што се потврди и во 2019 – Mercedes-Benz е далеку највредна луксузна автомобилска марка во светот – и единствен европски играч во Топ 10. Одговорноста за оваа марка ни влева стравопочит на мојот тим и мене, но и голема гордост.

Mercedes Vision AVTR
Mercedes Vision AVTR

Горден Вагенер: Успеавме традиционалниот луксуз на нашите татквоци да го претвориме во модерен и одржлив луксуз. Порано Benz возеа повозрасни мажи со шапка. Денес младите со гордост возат A-Class и се „voll connected“. Mercedes одеднаш е кул. Одговорноста за добар и успешен дизајн е тоа што ни дава сила. Тоа ѝ користи на марката и го движи тимот. Исто е како во спортот, без големи цели не може да се постават светски рекорди. Поради тоа, нашата мисија е: Сакаме да постигнеме Mercedes-Benz да биде најомилена луксузна марка.

Колку има заедничко меѓу некогашната и денешната марка Mercedes?

Горден Вагенер: Mercedes отсекогаш бил луксузна марка, а од почетокот беше и дизајнерска марка, единстевно поимите беа други. Изгледот, формата, материјалот, сето тоа што денес го водиме како инсценирање, постоеше уште во почетокот. Инсценирањето на технологијата отсекогаш била важна, тоа и денес е наше обележје.

Бетина Фецер: Точно, Mercedes и тогаш и денес е марка што буди емоции и претставува доживување за нашите клиенти. Ние сме силна марка, којашто на нашите клиенти им дава ориентација и став. Токму во ова време што е полно со неизвесност, тоа е голема одговорност што ја прифаќаме многу сериозно. Како марка, ние покажуваме став, имаме мислење и се залагаме за општеството. Пример за тоа е нашата акција DonateourReach.

Како Mercedes го доби името по девојчето Мерцедес
Како Mercedes го доби името по девојчето Мерцедес

Горден Вагенер: Mercedes-Benz отсекогаш бил цената марка ширум светот. Со автомобил од нашата куќа, луѓето отсекогаш биле ценети, а веројатно и им се завидувало, но тоа никогаш не било во негативен контекст. Готлиб Дајмлер знаеше за инсценирањето или за маркетингот и комуникацијата многу повеќе отколку што беше вообичаено во тоа време. Денес се вели инфлуенсер, тогаш беа филмски ѕвезди, познати личности или уметници. Неговите клиенти отсекогаш биле рамноправни, дамите возеа исто како што возеа и мажите, тоа беше мошне необично во првите години на автомобилизмот.

Вие самите сте всушност во сопствената целна група. Млади, успешни, со голема кариера и приватно реализирани и возите Mercedes. Како функционира спојот меѓу вашите професии – и кој е во право на крајот?

Бетина Фецер: Горден и јас работиме заедно веќе извесно време на целосно усовршување на нашата марка, влегуваме во кавги и се поднесуваме речиси како стар брачен пар (се смее). Само кога нашите две професии – дизајнот и маркетингот – се рака под рака, произлегува единствена слика за нашите клиенти и фанови ширум светот. Нашата цел е Mercedes-Benz да го закотвиме во срцето на луѓето за уште најмалку 120 години.

Горден Вагенер: Двајцата со страст се бориме за марката. Гориме за тоа што го правиме, а тоа важи и за нашите тимови. Убеден сум, дека основачите на компанијата би биле одушевени од тоа што го постигнавме со марката. Mercedes-Benz денес е реномирана дизајнерска и луксузна марка што внимава на одржливоста, за што ни завидуваат и надвор од автомобилската бранша.

Довршете ги следните реченици, Бетина Фецер:

Mercedes е

светски познато име, светски ценета марка и синоним за „најдоброто“.

Ѕвездата

може да се доближи и достигне. Тоа сепак не важи за сите ѕвезди.

Автомобилот е

поим за независност и слобода во сите генерации.

Мажите мислат

дека веројатно се подобри возачи, но сепак сите реагирааат на „Мерцедес“. Тоа важи посебно за MBUX: Еј Мерцедес, кој паркира подобро, мојот сопруг или јас?

Звукот на моторот

не мора секогаш да е гласен, за да привлече внимание. Електричниот EQC докажува дека и безвучната мобилност може да биде сосем возбудлива.

На што Ве асоцираат следните зборови, Горден Вагенер?

Одржливост

беше и уште е составен дел од идентитетот на нашата марка и нашиот дизајн, инаку нашата марка веќе одамна ќе исчезнеше од пазарот.

Луксузот

кај нас не е целта, туку е јадрото на нашата марка. Нашите основачи се пронаоѓачи на автомобилот, што значи дека во секој автомобил има мал дел од Mercedes.

Maybach …

е круна на нашата понуда од марки и обврска, најдоброто да се направи да биде уште повеќе посебно.

Наследството

обврзува и во исто време дава поттик, да се остави нешто што ќе остане. Поради тоа, името Mercedes ќе звучи исто толку добро и по 120 години.

Дамите

и мажите да се наведат исто да се одушевуваат од нашиот дизајн, тоа е мојата цел.

 

Се сеќавате на зелениот Mercedes на Драган?

Mercedes W115 Dragan Trajkovski

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche нуди ексклузивен кожен ентериер за 911

Porsche нуди ексклузивен кожен ентериер за 911

Audi A3 Limousine

Audi да е, лимузина да е: Премиера на лимузинскиот A3