за

Фабриката во Бремен повеќе не е најголема фабрика на Mercedes

mercedes kina

Во мрежата од производствени погони на Daimler се случија големи промени. Фабриката за Mercedes во Бремен го отстапи местото на најголема фабрика на концернот на Пекинг. Во кинеската фабрика се произведуваат најмногу автомобили на Mercedes.

Според бизнис-извештајот за ланската година, Daimler во минатата година продал 860.000 возила во Азија, од кои повеќе од половината биле пласирани само во Кина. На најголемиот пазар во светот, продажбата лани пораснала за дури 33 проценти. Тоа повлекува и соодветни последици. Според бројот на произведени автомобили, фабриката во Бремен повеќе не е најголема фабрика во производствената мрежа на Daimler.

Во погоните во Пекинг лани биле произведени над 430.000 автомобили, додека во Бремен во истиот период околу 420.000 автомобили се симнале од произвоствената лента. Бремен е главната фабрика за лимузинската изведба на C-Class, којашто е најпродавана моделска серија на Mercedes. Пред две години во истата фабрика стартуваше и производството на GLC. Моментно таму се произведуваат десет модели, што е најголем број на варијанти меѓу сите фабрики на концернот. Од Бремен в година ќе стартува и првиот електричен автомобил на Daimler, кросовер од новата подмарка EQ.

Пекинг уште пред две години го одбележа производството на милионитиот автомобил на Mercedes

Во фабриката во Пекинг се произведуваат Mercedes C и E-Class, вклучувајќи ги и нивните верзии со продолжена каросерија, како и GLA и GLC. Фабриката е заедничка инвестиција со локалниот партнер BAIC Motor. Освен автомобили, во Beijing Benz Automotive се произведуваат и мотори. Во 2015 година беша одбележана десетгодишнина на фабриката, а една година подоцна од Пекинг излезе и милионитото возило под знакот на сребрената ѕвезда. Третото место меѓу најголемите фабрики на Daimler им припаѓа на погоните во Раштат (330.000 возила), четврта е фабриката во Зинделфинген со 310.000 возила.

Кина укинува 553 модели поради превисока потрошувачка

Volvo гради фабрика за спортската марка Polestar во Кина

Mercedes повторно ги натпродаде BMW и Audi

BMW M5 против Mercedes-AMG E 63 S на споредбен тест на Auto Bild

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Lexus RC F, GS F 10th Anniversary 5

Специјална серија за десетгодишнината на Lexus F

rolls-royce phantom british GQ

Rolls-Royce Phantom е „натприродно возачко искуство“ според GQ