137
34 shares, 137 points

Во седиштето на компанијата во Унтертиркхајм, Mercedes денес постави камен темелник за фабриката за батерии. Тоа ќе биде само првата од многуте фабрики кои ќе ја сочинуваат глобалната мрежа за производство на батерии за електрични автомобили.

Daimler започнува со изградба на глобална мрежа од фабрики за батерии. Во седиштето на компанијата во Унтертиркхајм, во близина на Штутгарт, поставен е камен темелник за првата фабрика за батерии на Mercedes. Целата мрежа ќе опфаќа девет фабрики за производство на батерии, на седум локации и на три континенти.

Од следната година, во делот од целиот индустриски капацитет кој припаѓа на територијата на гратчето Брил покрај Еслинген, ќе се произведуваат погонски батерии за идните електрични автомобили на Mercedes и на техно-марката EQ, на површина од 12.000 метри квадратни.

Mercedes самостојно ќе ги развива, произведува и интегрира сложените батериски системи. Единечните батериски ќелии се набавуваат кај светските електро-гиганти и истите во фабриката ќе се монтираат во ќелиски блокови, за на крај да се изработат блокови подготвени за вградување, заедно со куќиште, контролна електроника и со завршна проверка на квалитетот.

Фабрики за батерии во Германија, Кина, САД, Полска…

Концернот Daimler уште од 2012 година произведува батерии за своите електрични и хибридни автомобили во Каменц, кај партнерот Accumotive. Таму привршува изградбата на втората фабрика, која уште годинава ќе стартува со испорака на батерии за новиот Mercedes EQC.

Mercedes EQC

Само околу Штутгарт се градат три фабрики: Во Унтертиркхајм, во деловите кои спаѓаат под Брил и Хеделфинген, како и во Зинделфинген. Во Кина се пренаменува фабриката на партнерот BAIC во Пекинг. Во САД, во близина на Таскалуза исто така се гради. Следен капацитет се гради во Тајланд, во близина на Банкок, а глобалната мрежа ќе ја заокружи фабриката за батерии во Јавор, Полска, којашто се гради покрај исто така новата фабрика за мотори.

Кинеска фирма произведува нов вид батерии за електромобили

Бил Гејтс вложува 100 милиони евра во фабрики за батерии во Европа

Mercedes гради фабрика за батерии во САД

Porsche ги напушта дизелите, преоѓа на хибриди и батерии


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

137
34 shares, 137 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *