Mercedes вложува над 100 милиони евра во производство на батерии во Бангкок, заради покривање на растечкиот интерес за електричните автомобили во регионот на Југоисточна Азија.
Во соработка со локалниот партнер Thonbury, Mercedes до 2020 година ќе вложи над 100 милиони евра во фабрика за батерии во Банкгок. Тоа е шестата фабрика во којашто германскиот гигант ќе произведува батерии за покривање на потребите на целиот свој производствен синџир. Mercedes стратешки распореди фабрики на три континенти, кои можат да реагираат флексибилно на потребите на производителот каде било низ светот.
Концернот Daimler до 2022 година ќе понуди најмалку по една варијанта со електрифицирана погонска спрега во сите свои моделски серии, од A-Class до GLS–Class. Вкупно ќе има повеќе од 50 електрични или плагин-хибридни модели
Кросоверот EQC ќе стартува со производство во 2019 година во фабриката во Бремен, како прв модел од подмарката EQ. Покрај електричниот погон, Daimler вложува и во конективност, автономно возење и мобилни услуги, како дел од стратегијата Case (Connected, Autonomous, Shared & Services, Electric).
Фабриката на Mercedes во Тајланд лани произвела над 12.000 возила
Mercedes лани продал повеќе од 14.000 возила во Тајланд, што е рекорд за марката. Најпродавани модели се E-Class, C-Class и CLA Coupe. Во земјата моментно се произведуваат девет модели, вклучувајќи ги моделите со плагин-хибриден погон од C-Class, S-Class, E-Class и GLE. Mercedes е пазарен лидер во премиум сегментот во Тајланд уште од 2001 година.
Фабриката во близина на Бангкок започна со производство на легендарниот Mercedes W123 пред повеќе од 40 години. Моментно се произведуваат девет модели: CLA Coupé, GLA, лимузинска и купе изведба од C-Class, E-Class, S-Class, GLC, GLC Coupé и GLE
Овој Mercedes прави Panamera да изгледа здодевно
Кинезите му се лутат на Mercedes поради еден цитат
Неколку факти што Mercedes сака да ги знаеме за A-Class
Фабриката во Бремен повеќе не е најголема фабрика на Mercedes