за

Mercedes eVito на струја е интересен за фирмите

Mercedes eVito на струја е интересен за фирмите
Mercedes eVito на струја е интересен за фирмите

Mercedes уште во 2018 година стартуваше со лимитирана продажба на електричниот eVito, а една година во понудата на Mercedes-Benz Vans се наоѓа и eSprinter. Нова верзија во понудата е патничкиот eVito Tourer, со преку 400 километри досег. Меѓу целните клиенти се хотелски шатл-служби, такси компании со специјална понуда на превоз со ван по нарачка или собирен превоз со комби (ride-sharing).

Досегот изнесува до 421 километри, а со можноста за користење брзи полначи се скусува и времето на чекање додека се наполни батеријата. Продажбата веќе стартува во Германија, вклучувајќи и интересни понуди за лизинг што вообичаено се достапни на големиот пазар во земјата.

Електромотор со моќност од 150 киловати (204 КС) ги движи предните тркала, напојувајќи се со енергија од литиум-јон батеријата од 90 kWh во подот. Крајната брзина е ограничена на 140 km/h, со специјален паклет, лимитот се поместува на 160 km/h.

Сопствениот полчач во Mercedes-Benz eVito Tourer располага со моќност од 11 kW и тој функционира при домашно полнење на обичен приклучок за струја. Техниката подржува и брзи полначи со еднонасочен напон и моќност до 110 kW. Во тој случај, полнењето од 10 до 80-% трае само 45 минути.

Mercedes eVito дозволува најразличен распоред на седиштата во кабината, зависно од природата на превозот

Просторноста во кабината не е сменета во споредба со верзијата на Vito сообичен погон. Mercedes Vans нуди две верзии, едната долга 5,14 метри, друга екстра долга со 5,37 метри. Со две клупи назад, eVito Tourer може да биде добар за шатл-превоз, брз и тивок. Седењето може да се изведе и во конфигурација со девет седишта, со визави-распоред.

Производството е во Шпанија, во Виторија, заедно со Mercedes-Benz Vito, V-Class и EQV. Сериската опрема е значително збогатена во споредба со стандардниот модел, меѓу другото со бандажи од 17 инчи или греење на возачкото седишта. Со доплата може да се добие и пневматска амортизација, што е реткост во сегментот.

Редовната цена во Германија изнесува 53.990 евра, без ДДВ. Во цената е вклучено сервисирање во период од четири години, како и гаранција на батеријата од 160.000 километри или осум години. Цената се намалува значително со субвенциите, конретно во Германија следи намалување на цената за повеќе од 9.000 евра, како и дополнителни повластици при користењето на возилото. Слично важи и во останатите европски држави.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota RAV4 Hybrid Korab

По највисоките македонски планини со Toyota RAV4: Кораб (1. дел)

Renault TWINGO ELECTRIC Vibes

Renault Twingo ќе вози на струја, цена 25.000 евра