за

Бароницата што победи со големиот Mercedes слави 90-ти роденден

mercedes evi fon roskvist
mercedes evi fon roskvist

Швеѓанката Еви Росквист победи на релито во Аргентина во 1962 година со Mercedes-Benz 220 SE од генерацијата W 111. Тоа е најголемиот триумф на возачката што деновиве го прослави 90-от роденден, но е воедно и дел од прославата на 125-годишината на мотоспортот во Mercedes.

Бароницата Еви фон Корф-Росквист во 1960-те години беше рели-ѕвезда зад воланот на Mercedes. По отпочнувањето со студии по ветерина, нејзиниот татко ѝ купува Mercedes-Benz 170 S (W 136), со кого младата Швеѓанка секојдневно минува 150 до 200 километри по земјен пат, работејќи како ветеринарен асистент. Така почнува најзината љубов за релито.

Во 1954 година таа учествува на шведското Рели на Полноќното Сонце и се заменува зад воланот со нејзиниот прв сопруг Ингве Росквист. Две години подоцна, Еви првпат вози на големо рели. Следат четири победи на познатото финско „рели 1.000 езера“, две на релито Монте Карло… Во 1959 година, таа со Volvo го освојува европскиот куп за дами, пред Пет Мос, сестрата на Стирлинг Мос. Една година подоцна, Еви станува фабричка возачка на Volvo.

Еви фон Росквист почнува да вози за Mercedes-Benz во 1962 година

Заедно со совозачката Урсула Вирт, брзата Швеѓанка во 1962 година победува на четиридневното шведско рели со Mercedes-Benz 220 SE (W 111). Во истата година, дамскиот тим освојува 6-то место на полско рели, како и 12-то место на релито Лиеж-Софија-Лиеж.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Еден од најголемите триумфи на тимот Росквист-Вирт е победата на релито Аргентина, на 4-ти ноември. Дамите победија на сите шест етапи на релито долго 4.626 километри и поставија рекорд. Нивната просечна брзина изнесуваше 126,872 km/h.

Успешната кариера продолжува со победи во дамска конкуренција на рели Монте Карло, на 6 Часа Нирбургринг и други важни натпревари. Во 1964 година, Швеѓанката стапува во брак со барон Александар фон Корф-Шмисинг во Штугарт. Бароницата денес живее во Стокхолм.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

тест Mazda3 2.0 Skyactiv-G M Hybrid

Тест: Mazda3 2.0 Skyactiv-G M Hybrid

половни автомобили субвенции

Како почнавме да возиме автомобили како гастарбајтери на летен одмор