158
297 shares, 158 points

Некои ќе се досетат и ќе речат „Ова е мечка на струја!“ Внимателните и точно пресметани чекори околу електромобилноста завршија. Mercedes EQC гази длабоко во ерата на електричниот погон. Ова е историјата на автомобилизмот, одново

Пред две години Mercedes ја најави новата марка специјализирана за електричен погон EQ. Кон средината на следната година ќе стартуваат и испораките на нејзиниот прв модел EQC. Тоа е приближно динамиката со којашто се менуваат работите. Електричниот погон напредува подобро и од најоптимистичките предвидувања.

Mercedes EQC Premiera 48

Дизајнот на EQC се одликува со мазни површини и јасни линии, препознатлив како Mercedes. Тој стил ќе го следат и идните модели на EQ. Секако дека повеќе внимание привлекува погонот: На предната и задната оска работи по еден електромотор, а двата постигнуваат заедничка моќност од 300 киловати, односно 408 КС. Според старата норма NEDC, досегот изнесува над 450 километри. Освен електричниот погон, посебен печат на EQC му даваат иновативните услуги на Mercedes me. Ова е дефинитивно уште еден нов почеток за Mercedes. За автомобилизмот исто така.

Во речникот на дизајнерите, EQC оддава прогресивен луксуз

Да нема двоумење дали EQC е кросовер или СУВ. Според Mercedes, тој е кросовер-СУВ. Поточно, тој е кросовер-СУВ-купе. Сеедно што е, автомобилот изгледа свежо и напредно. Главниот белег на предниот дел е таканаречениот црн панел, којшто ги опфаќа и светлата и маската. Посебен детал е светлечката лента на горниот раб на панелот, којшто ги спојува дневните светла. Некогаш таа улога ја имаа дебели и тешки хромирани лајсни. Диодните светла со повеќе снопови се стандард и имаат темна основа. Припадноста во новото семејство EQ ја откриваат сините ленти на црна основа.

Mercedes EQC Premiera 12

Нов поим што во иднина ќе го среќаваме во жаргонот на EQC е електро-естетиката. Тоа е стилот што го следи внатрешноста на кросовер-СУВ-купето, со ламели на арматурната табла, коишто потсеќаат на ладилници на аудио засилувач. Уште еден белег во кокпитот е касетата со полирана површина, во којашто се наоѓаат отвори за проветрување со ламели во розево-златна боја.

Погонскиот систем го сочинуваат таканаречени eATS-модули, односно електромотор и пратечки компоненти. Секоја оска има сопствен погонски модул, односно електормотор, што значи дека EQC располага и со погон на сите тркала.

Со 408 КС и 765 њутнметри, при возење на струја сигурно нема да недостига динамика

Заради намалување на потрошувачката, двата eATS-модули имаат различна функција. Предниот електромотор е оптимиран за врвна ефикасност при бавно и умерено брзо возење. Наспроти тоа, задниот електромотор се грижи за динамика и перформанси. Заедничката моќност изнесува 300 kW, односно 408 КС, системскиот вртежен момент е 765 Nm.

За во кабината да биде потивко, eATS имаат двојно влежиштување: Како прво, поставени се на помошна рамка, којашто потоа се потпира на каросеријата. Меѓу eATS и рамката има гумени лежишта, исто како и меѓу рамката и каросеријата.

Mercedes EQC Premiera 30

Батеријата е литиум-јонска, со капацитет од 80 kWh. Возачот има избор меѓу пет програми за возење: COMFORT, ECO, MAX RANGE, SPORT и лична програма. Во штедливите програми, возачот може да ја регулира брзината само со „педалата за гас“, односно може да дозволува сопирањето да се одвива само со отпуштање на педалот, како еден вид електромоторно сопирање. Покрај тоа, може да се избира и интензитетот на сопирање, преку рачките зад воланот.

Дополнително работи и ЕКО-асистент, кој му соопштува на возачот кога може да ја отпушти педалата за забрзување, користејќи ги податоците од навигацијата, сообраќајните знаци и информациите од останатите системи за асистенција.

Mercedes EQC Premiera 8

Полначот што е вграден во возилото располага со моќност од 7,4 kW и може да се користи за полнење на батеријата на обичен приклучок за струја или на соодветни полначи за наизменична струја. Батеријата се полни трипати побрзо на Mercedes-Benz Wallbox. Уште побрзо е при користење еднонасочна струја, на пример на CCS-систем. Според првичните пресметки, батерии со 10% наполнетост се полнат до 80% за 40 минути, на полнач што може да обезбеди 110 kW.

Технички податоци · Mercedes EQC

Емисија на CO2: 0 g/km
Потрошувачка на струја (NEDC): 22,2 kWh/100 km
Досег (NEDC): > 450 km
Погон: 2 асинхрони електромотори, погон на сите тркала
Моќност 300 kW (408 КС)
Вртежен момент: 765 Nm
Крајна брзина 180 km/h (ограничена)
0-100 km/h: 5,1 s
Капацитет на батерија: 80 kWh
Тежина на батерија: 650 kg
Должина / Ширина / Висина: 4.761/1.884 (2.096) /1.624 mm
Ширина на трага (напред / назад): 1.625/1.615 mm
Меѓуоскино растојание: 2.873 mm
Багажник: ca. 500 L
Празно возило/ Носивост (DIN)
2.425 / 505 kg
Приколка со сопирачки, 12% нагорнина: 1.800 kg

Секако дека во EQC работи мултимедискиот систем MBUX, познат уште од A-Class. Напредниот систем за комуникација со самото возило има неколку екстра функции што се поврзани со електричниот погон, како што е прикажување информации за досегот, наполнетоста и енергетскиот тек во моментот. За овие информации постои посебно поле во дисплејот на MBUX. Електричниот кросовер ќе ги исполнува желбите на Викторија Лоба, исто како што тоа му успева на A-Class.

Голем број иновативни и напредни функции во електричниот EQC

Сопствениците на мечката на струја ќе можат да вклучат ладење или греење на кабината пред да седнат до возилото. Тоа може да се програмира преку MBUX или преку Mercedes me App. Климатизацијата е задача на топлинска пумпа со електрични догревачи.

Пред дебито на EQC под рефлекторите, околу 200 прототипи и претсериски примероци тестираа во Европа, Северна Америка, Азија и Африка. Посебно внимание при тестирањето беше посветено на електричниот погон.

Mercedes EQC Premiera 1

Сериското производство на EQC ќе стартува во 2019 година, во фабриката во Бремен. Подготовките уште се во тек. Електричниот автомобил ќе се произведува на иста лента со моделите со обичен погон. иновација во производствениот процес е таканаречениот центар за вметнување на батеријата. Спојувањето на каросеријата и платформата во браншата се води жаргонски како „венчавка“. Овој чин кај EQC се случува двапати, односно прво по спојувањето на модулите eATS со каросеријата, а потоа по вметнувањето на батеријата.

Во меѓувреме започнува и сопственото производство на батерии во фабриката во Каменц, близу Дрезден. Освен во Бремен, EQC ќе се произведува локално за кинескиот пазар, кај партнерот BBAC.

Околу цените уште се шпекулира, но најчесто се спомнуваат 70.000 евра.

Mercedes EQC, премиера

Flickr Album Gallery Powered By: Weblizar

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

158
297 shares, 158 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743