162
23 shares, 162 points

Многумина се изненадени од брзиот пробив на електричните автомобили. Моделите на струја на Mercedes ќе возат под марката EQ. Прв стартува теренецот Mercedes EQC

Наближува премиерата на Mercedes EQC. По маратонот од дозирани информации и фотографии што повеќе покриваа отколку што откриваа, конечно следува и првата конкретна фотографија од серискиот автомобил. Штутгарт ја објави првата фабричка фотографија на којашто се гледа кокпитот на идниот Mecedes EQC. Фотографијата ќе биде доволна за следните неколку денови, до светската премиера, коајшто ќе се одржи на 4-ти септемви, во Стокхолм.

Возачот и патниците во електричниот теренец ќе го користат инфо-забавниот систем MBUX, кој имаше премиера во A-Class, во комбинација со голем средишен дисплеј којшто е издвоен од таблата и веќе е „класика“ во Mercedes. Погонската спрега се активира на сино копче, а се забележува дека со клима уредот и со уште неколку основни функции и натаму ќе се ракува класично, со реални прекинувачи, место преку дисплеј.

Mercedes-Benz is flipping the switch: On September 4th, we will present our first all-electric Mercedes-Benz model of our new EQ brand. Here’s a design detail of the interior. #switchtoEQMore about EQ here: mb4.me/MercedesBenz_EQ

Posted by Mercedes-Benz on Wednesday, August 29, 2018

Во претходната серија фотографии го видовме опашот, со светлечка лента по целата ширина, исто како и предниот дел, со затворена маска што им дозволува поголема слобода на дизајнерите. Причината зошто се става толку силен нагласок на светлата е токму асоцијацијата со електричниот погон. Светлината е основната форма на „визуелизација“ на струјата. На електричните автомобили едноставно им личи да светат како новогодишна елка – иако секоја светлина оди директно на сметка на досегот.

Името EQ асоцира на „Електрика“ и на IQ, на интелигенција

EQC нема да биде единствениот електричен автомобил на Mercedes. По него, набрзина ќе бидат претставени уште три модели од различни класи и сегменти, почнувајќи од компактот EQA, до благородничкиот EQS на врвот на понудата на возила со електричен погон. До 2025 година, Mercedes ќе има повеќе од 10 модели со погон на струја, не вклучувајќи плагин-хибриди.

За електричните модели ќе се користи колку е можно повеќе од моделите со конвенционален погон. Конкретно за Mercedes EQC, каросеријата и подвозјето доаѓаат од GLC. Колку што е проблем да се најде место за батериите, толку е полесно за инженерите да ги сместат електромоторите, затоа што тие одземаат неколкупати помалку простор од обичен мотор. Не треба да се заборави и на менувачот, кој исто така зафаќа многу простор, а во електричниот автомобил е непотребен.

Mercedes-Benz is flipping the switch | Rear Detail

Mercedes-Benz is flipping the switch: On September 4th, we will present our first all-electric Mercedes-Benz model of our new EQ brand. Here's a design detail of the rear. #switchtoEQMore about EQ here: mb4.me/MercedesBenz_EQ

Posted by Mercedes-Benz on Tuesday, August 28, 2018

Електромоторот и контролната електроника за погонот се интегрирани во една целина, којашто е поставена на носечка рамка и се потпира на кошот на класични држачи за мотор. На овој начин се постигнува двојно „пресекување“ на звуците и вибрациите, што навестува дека возењето во електричниот кросовер ќе биде исклучително тивко. EQC се потпира на платформата EVA I, а тоа значи дека може да се произведува на иста линија со Mercedes GLC. Кросоверот ќе мора само кусо да ја напушта производствената лента, заради вградување на батеријата што тежи околу 600 килограми.

Батериите ќе пристигаат од јужнокорејските гиганти во оваа сфера, но инженерите на Daimler сами ќе се погрижат за техниката на ладење на батеријата и за нејзиното интегрирање во целата погонска спрега.

Цената на Mercedes EQC би требало да се движи меѓу 60.000 и 80.000 евра, зависно од капацитетот на батеријата

Многу работи се менуваат со преоѓањето во ерата на електромобилноста. Податокот за крајната брзина на автомобилите повеќе нема улога како аргумент при изборот на автомобилот. Се менуваат и навиките, односно возењето станува уште поедноставно. Контролата на брзината на возење во речиси 90 проценти од возењето ќе може да се врши само преку педалата за забрзување. При нејзиното отпуштање се случува „електромоторно сопирање“. Колку силно ќе запира возилото при отпуштањето на педалата за забрзување, ќе зависи од избраниот степен.

Mercedes-Benz is flipping the switch

Mercedes-Benz is flipping the switch: On September 4th, we will present our first all-electric Mercedes-Benz model of our new EQ brand. Here's the very first design detail. #switchtoEQ

Posted by Mercedes-Benz on Sunday, August 26, 2018

Вкупно четири степени ќе стојат на располагање, од Еко до Спорт. Колку посилно запира електромобилот, толку повеќе енергија се враќа во батеријата. Спротивно од возењето со конвенционален погон, забавувањето на возилото во овој случај може само да го радува возачот.

Реален досег до 400 километри и спринт до темпо сто за пет секунди

Досегот на EQC при нормално возење ќе изнесува околу 400 километри, мерено според новиот и пореален циклус WLTP. При приклучување на брз полнач, батеријата од 70 kWh ќе постигнува наполнетост од 80% за само 20 минути. Во случај кога батеријата ќе префрли на „резерва“, интелигенцијата на погонот на EQC ќе избере штедлива програма, со смалена моќност. Притоа се зема во предвид и оддалеченоста од најблискиот полнач, како и температурата на средината – капацитетот на батеријата сепак опаѓа кога температурите ќе паднат под нулата.

Возачите на EQC сепак ќе се радуваат повеќе на возењето, отколку на мирувањето на возилото. Со два електромотора со моќност од 204 КС и вртежен момент од 400 њутнметри, по еден на секоја оска, електричниот теренец ќе биде вистинско уживање за возење. Спринтот до темпо сто трае околу пет секунди. Истото го умее и GLC 43 AMG. Но, разликата е огромна. Додека AMG ќе направи земјата да се стресе и дизните да се прочистат при секој џентлменски старт до сто, EQC за сето време при спринтот ќе остане тивок и смирен. Победниците допрва ќе се прогласуваат.


Notice: Undefined index: fag_col_layout in /home/automedi/public_html/wp-content/plugins/flickr-album-gallery/flickr-album-gallery-short-code.php on line 37

Mercedes EQC

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

162
23 shares, 162 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743