за

Mercedes EQC службено возило на тенискиот куп Лавер

Mercedes EQC Laver Cup
Mercedes EQC Laver Cup

Повеќе од 40 примероци од Mercedes EQC се користат викендов во рамките на престижниот тениски куп Лавер. За Mercedes е вообичаено да учествува на настани од висок ранг, необичен е погонот на големите СУВ: Тие возат чисто на струја.

Од 20-ти до 22-ри септември во Женева се одржува тенискиот куп Лавер. Ова е трета година на престижниот спортски настан, по дебито во 2017 година во Прага и минатогодишното гостување во Чикаго. Швајцарската тениска ѕвезда Роџер Федерер, заедно со Тим Европа, на домашен терен ќе ја лови третата победа на третото издание на купот. Возниот парк на партнерот Mercedes првпат го сочинуваат преку 40 примероци од електричниот теренец EQC.

EQC ја предводи флотата со којашто се превезуват натпреварувачите, службените лица и избрани гости за време на Лавер Куп. Настанот се користи и за претставување на новиот EQV, како што се води изведбата на V-Class со погон на струја.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Иновативниот тениски настан го иницираше Роџер Федерер во 2017 година. Врвни тенисери од различни држави се натпреваруваат во Тим Европа или Тим Свет. Тоа честопати создава интересни сопарништва, какви што обично не се среќаваат на турнирите.

Посетителите се забавуваат и со играта Hit & Charge, во којашто имаат задача со тениски рекет и со виртуелно топче целосно да ја наполнат батеријата на EQC во зададеното времетраење на мечот.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во рамките на купот Лавер, тимот Европа и тимот Свет се соочуваат со по шест натпреварувачи. Во секој од трите денови на турнирот се играат четири меча – три единечни и еден во двојки. Победничкиот тим добива бодови за секој меч: Еден во петок, два во сабота и три во недела. За победа се потребни најмалку 13 бодови, поради што победникот се дознава дури во недела.

Роџер Федерер за време на купот ќе ги преземе и клучевите од електричниот Mercedes EQC, како амбасадор на марката.

Електричниот Mercedes EQC од денес во сериско производство

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo S60

Лимузината S60 e прв модел на Volvo без дизел мотори

dacia sandero profil

Топ 25 Најпродавани модели на европскиот пазар