за

Рекордна нарачка од 56 електрични Mercedes eCitaro за Визбаден

mercedes ecitaro vizbaden

Mercedes ја доби досега најбројната нарачка за електричниот градски автобус eCitaro. Нарачател е претпријатието за градски превоз од германскиот град Визбаден. Во главниот град на сојузната покраина Хесен ќе возат 56 автобуси со електричен погон од моделската серија eCitaro. Покрај испораката на автобусите, Mercedes ќе работи и на преработка на депоата, на поставување на полначите и на организацијата на полнењето на батериите.

Со овој потег, Визбаден префрлува една петина од својот возен парк на електричен погон. Десет автобуси ќе бидат испорачани веќе годинава, а останатите в година. Mercedes eCitaro имаше премиера лани на салонот за товарни возила во Хановер.

Првите 15 примероци од Mercedes eCitaro за Визбаден се опремени со литиум-јон батерии од тековната генерација. Секој автобус поседува 12 батериски пакети, а вкупниот капацитет изнесува 292 kWh.

Останатите 41 автобуси ќе поседуваат батерии со цврст електролит. Тоа е нова и револуционерна технологија во електромобилноста, а Mercedes е еден од пионерите во нејзината примена. За споредба, седум батериски пакети со цврст електролит постигнуваат капацитет од 441 киловатчасови. Со полна батерија, досегот изнесува над 200 километри, според нормата Sort 2.

Визбаден има планови да стане прв германски град што целиот градски сообраќај ќе го врши со автобуси кои не испуштаат штетни материи.

Хамбург нарача 16 електрични автобуси Mercedes eCitaro

Хамбург нарача 16 електрични автобуси Mercedes eCitaro

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota Corolla

Комплетен водич за Toyota Corolla: Цени, каросерии, опрема, мотори

Volkswagen ID Roomzz Shanghai

Ауто Шангај 2019: Volkswagen ID Roomzz како подвижна дневна соба