132
18 shares, 132 points

Во Шведска, Норвешка и Луксембург пристигаат 20 електрични автобуси Mercedes e-Citaro. Со тоа почнува извозот на нископодниот автобус на Mercedes кој користи само електричен погон и не ја оптоварува животната средина со штетни материи.

Девет e-Citaro со две врати ќе го освежат возниот парк на компанијата Voyages Emile Weber од Луксембург. Нарачаните автобуси се опремени со максималниот број од дванаесет батериски модули со вкупен капацитет од 292 kWh. Автобусите се впечатливо лакирани во црвена боја, а истата боја е користена и за седиштата, држачите и страничните облоги. Врската со животната средина ја воспоставува подот со изглед на дрво. Сите седишта располагаат со безбедносни ремени,

Norgesbuss се вбројува меѓу најголемите фирми во јавниот автобуски превоз во Норвешка, со повеќе од 700 автобуси. Компаниајта нарача шест електрични автобуси, што ќе се користат во јавниот превоз во Осло. Тука е избрана конфигурација со 10 батериски модули, со капацитет од 243 kWh. Дополнително е поставен пантограф на покривот, преку кого што на неколку места низ градот се полни батеријата и се продолжува досегот. Во опремата за Скандинавија е задолжително автобусот да поседува и тестер за алкохол. За зима, покрај трите врати се вградени грејачи во подот на возилото.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Компанијата Bergkvarabuss нарача пет e-Citaro за Истат, на јужниот брег на Шведска. Овие автобуси исто така располагаат со максимален капацитет на батеријата. Во опремата спаѓаат преклопливи рампи за пристап пред двете врати, копчиња за сигнализација до возачот, посебно амбиентално осветлување и комфорни седишта, високи и со дебело исполнување, како и со кожен потпирач за глава.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

132
18 shares, 132 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *