за

Хамбург нарача 16 електрични автобуси Mercedes eCitaro

Mercedes електрични автобуси

Во приградскиот јавен превоз во Хамбург од крајот на годинава ќе бидат вклучени 16 електрични автобуси Mercedes eCitaro. Изработени по посебна нарачка, автобусите со погон на струја имаат неколку впечатливи детали во каросеријата, а поседуваат и напредна опрема во патничкиот простор.

Сите автобуси се опремени со максималниот број од 12 батериски пакети, со вкупен капацитет од 292 киловатчасови. Тоа овозможува досег до 170 километри во реални услови или теоретски околу 280 километри.

Посебност е тоа што страниците на каросеријата се дополнително застаклени. Три двојни врати овозможуват лесен проток на патници. На УСБ-приклучоците може да се полни телефон, седиштата имаат посебен дезен кој асоцира на електричниот погон, а грижата за животната средина ја заокружува подот, кој изгледа како да е изработен од дрво.

mercedes ecitaro avtobus godina spanija

Од 2020 година, за територијата на градот Хамбург ќе се набавуваат единствено електрични автобуси. Во меѓувреме започнува и преуредување на вкупно дванаесетте автобуски гаражи, соодветно за погонот на струја.

Електричен Mercedes eCitaro е градски автобус на годината

Првиот електричен автобус Mercedes eCitaro вози во Хамбург

Автобуси на струја ќе возат низ Лондон

Првиот туристички автобус со погон на метан доаѓа од Scania

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

davanti tyres мотоцентар автомобилски гуми

Davanti е нова марка гуми кај нас, школата е старата

продажба автомобили македонија февруари

Во февруари продадени 463 нови автомобили во Македонија