Две големи компании од Швајцарија добија на пробно возење Mercedes eActros. Електричниот камион со полни батерии минува до 200 километри, повеќе од вообичаената дневна тура.
Две превозни компании од Швајцарија го започнаа пробниот период со Mercedes eActros. Еден примерок од камионот на батерија е кај превозникот Camion Transport, додека вториот вози за синџирот супермакети Migros. Двете возила се дел од таканаречениот иновациски возен парк на Mercedes, кој има за цел погонот на струја да го доближи до тешкиот транспорт.
Камионот во категоријата од 18 тони во Camion Transport ќе разнесува материјали до занаетчиите, трговците и фабриките во Сент Гален, додека Migros со 25-тонска изведба на eActros ќе ги покрива супермаркетите во Цирих. Дневната тура кај двете компании изнесува до 150 километри, помалку од досегот до 200 километри што камионот го постигнува со полна батерија. Полнењето ќе се врши ноќе, преку сопствените полначи кај двете компании.
Camion Transport планира доставата до градските центри по 2025 година да ја врши само со возила што не испуштаат штетни материи
Погонот на електричниот Actros доаѓа од два електромотори што се поставени блиску до тркалата на задната оска. Секој постигнува моќност од 126 kW (околу 171 КС) и ослободува вртежен момент од 485 њутнметри. Во зависност од преносот, тоа произведува по 11.000 њутнметри, што е неспоредливо над обичниот погон. Батеријата е со големина од 240 kWh. При користење супербрз полнач со 150 kW, полнењето трае два часа.
Mercedes ќе им понуди eActros за тестирање во секојдневни услови на 20 свои клиенти од најразлични деловни подрачја. Првиот eActros беше испорачан уште лани во септември. Искуствата ќе бидат добредојдени во подготовката на моделот за сериско производство.
Првиот Mercedes Actros од новата генерација излезе од фабриката во Верт
Mercedes го испорача 750.000-от камион во „пакет“
MAN со близу 100.000 продадени камиони лани
Како новиот Mercedes GLE стана „танцувачкиот автомобил“