146
34 shares, 146 points

Mercedes ја врати доминацијата во делот од пазарот што отсекогаш му припаѓал. Според августовската продажба на германскиот пазар, Mercedes E-Class е пред Audi A6. Уште еден традиционален сегмент е под знакот на сребрената ѕвезда

Сегментот на возила од вишата класа на најголемиот пазар во Европа повторно му припаѓа на Mercedes. Лимузината и комбито од Mercedes E-Class во август постигнаа 3.401 продажби, со што го потиснаа досегашниот лидер Audi A6. Од вкупно 9.631 продадени возила во оваа класа во август, дури 35,3% припаѓаат на моделите со сребрената ѕвезда. Во споредба со истиот месец лани, продажбата на Mercedes E-Class пораснала за 40,2 проценти.

mercedes e-class long

Уште една традиционална класа, којашто е важна и за имиџот и за профитот на секој премиум производител, останува во владеење на Mercedes. Со 640 продадени примероци во август, S-Class постигнува удел од 20,3 проценти меѓу лимузините од луксузниот сегмент.

Наспроти двата сегмента на Mercedes E-Class и S-Class, дури осум од 13 сегменти му припаѓаат на Volkswagen

Затоа, пак, од вкупно 13 сегменти, дури осум му припаѓаат на Volkswagen: Мини возила (Up), градски возила (Polo), компакти (Golf), средна класа (Passat), СУВ-модели (T-Roc), теренски возила (Tiguan), големи ванови (Touran), доставни возила (Transporter).

Единствени увозни модели на првото место во своите сегменти се Renault Scenic, најпродаван миниван со 1.879 примероци во август и удел од 30,8% во сегментот, додека сегментот на камп-возилата му припаѓа на Fiat Ducato, со 1.883 продадени примероци и удел од 58,7 проценти во сегментот. Кај спортските модели е прв Porsche 911, од когошто во август се продадени 850 примероци на германскиот пазар.

Во минатиот месец во земјата се продадени вкупно 316.405 автомобили или за близу една четвртина повеќе отколку во истиот месец лани.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

146
34 shares, 146 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743