за

Mercedes E-Class спортски и наелектризиран во Мак Аутостар

Mercedes E-Class спортски и наелектризиран во Мак Аутостар
Mercedes E-Class спортски и наелектризиран во Мак Аутостар

Штутгарт изврши моделско освежување на автомобилот што има влијание врз целата сцена. Во новиот Mercedes E-Class е ставено повеќе нагласок на спортскиот стил, електрониката е донесена во чекор со времето, има дури седум изведби со приклучен хибриден погон.

Вестите што ги сервира автомобилската сцена во последниве месеци не се најрадосни, поради пандемијата и последиците од истата врз автомобилскиот пазар и општо врз економијата. Но, сето тоа може на момент да се заборави, како што пристигаат новитетите што производителите ги најавија непосредно пред преоѓањето во „новото нормално“. Новото моделско годиште на Mercedes E-Class во салонот на Мак Аутостар безгрешно успева да го врати духот од почетокот на годинава, кога Штутгарт го најави новиот модел, додека овој престижен автомобил во исто време влева надежи за подобро утре.

Организацијата на Mercedes функционира беспрекорно и во овие услови, па E-Class се појавува во салонот на Мак Аутостар во исто време како и на сите пазари во Европа. Актуелната генерација на E-Class со фабрички код W 213 стартуваше со производство во 2016 година и сега дојде време за тоа што во жаргонот на куќата традиционално се нарекува „Мопф“ – зборот доаѓа од германската кованица Modellpflege, што значи точно тоа, моделска нега.

Од десеттата генерација на E-Class, во континуитет од 1946 година, досега се испорачани повеќе од еден милион примероци, вклучувајќи го и комбито T-Modell. Промените се обемни, со заедничката водечка идеја, E-Class да се направи поспортски и помодерен. Покрај промените во формата на светлата, вклучувајќи ги задните светла, што сега се дводелни и постигнуваат поголема визуелна ширина на опашот, новини има и во внатрешноста, но и во техниката.

Во продолжение брз преглед на најважните промени во „мопфот“ на Mercedes E-Class:

New photo by Automedia MK / Google Photos

Подинамичен дизајн

  • Avantgarde Line е нова основна линија за надворешниот изглед
  • Нов дизајн на предните светла (целосно диодна техника, со доплата MULTIBEAM LED)
  • Преработен дизајн на задните светла (дводелни, визуелно го прошируваат опашот)
  • Преработен дизајн на маската и на предниот браник
  • Варијантата All-Terrain повеќе го следи стилот на СУВ-моделите

Нова генерација системи за асистенција

  • Нова генерација волани со капацитивна техника за препознавање кога дланките на возачот не се на воланот
  • Активен темпомат Distronic ги користи информациите од LiveTraffic, препознава кога има застој или метеж на патот и реагира уште пред возачот да пристигне на местото. При застој на патот, темпоматот самостојно ја смалува брзината на 100 km/h.
  • Активен асистент за застој му помага на возачот при застој на автопат да одржува растојание и да остане во лента до брзина од 60 km/h.
  • Активен асистент за управување му асистира на возачот да се престрои и да се создаде лента да помине амбулантно возило во случај на незгода на патот.
  • Активен асистент за сопирање со промена на правец: Доколку при скршнување на крстосница постои опасност од судир со возило што доаѓа отспротива, асистентот ја смалува брзината на E-Class.
  • Активен асистент за мртви агли – сега предупредува и при отворање врата, кога одзади доаѓа автомобил или велосипед
  • Пакет за паркирање со камера од 360 степени, покрај автоматско паркирање паралелно и попречно, сега паркира и на обележани места.

Повеќе комфор во кабината

  • Два дигитални дисплеи стандардно (2 x 10,25 инчи, споени), со доплата Widescreen Cockpit
  • со два дисплеи од 12,3 инчи
  • MBUX стандардно поседува говорни команди LINGUATRONIC и асистент за унапредена реалност
  • Комфорна програма ENERGIZING со функција на ENERGIZING COACH и со „PowerNap“ (кај приклучните хибриди)
  • Кинетика на седишта ENERGIZING

Електрификација на погонската спрега

  • Седум приклучни хибриди во лимузинска или комби изведба T-Modell, со бензински или со дизел мотор, со заден погон или првпат во комбинација со погон на сите тркала
  • Нов мотор M 254: Дволиарски бензинец со интегриран стартер-генератор и 48-волтна мрежа, номинална моќност 200 + 15 kW, иновативен сегментен турбо-компресор и дополнителен електричен компресор, Camtronic на вшмукувачката страна
  • Повеќе мотори и програми за возење за варијантата All-Terrain
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Цените за новото моделско годиште на Mercedes E-Class во Македонија

Модел
Зафатнина во cm3
Моќност во КС
Цена во евра

E 220 d

1950

194

57480

E 220 d 4M

1950

194

61990

E 300 de

1950

194+122

63540

E 300 de 4M

1950

194+122

67000

E 400 d 4M

2925

340

76990

E 200

1991

197

56990

E 200 4M

1991

197

59800

E 300 e 4M

1991

211+122

65680

E 450 4M

2996

367

75990

E 53 AMG 4M

2999

435

97980

Какво е Вашето мислење

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчитувам

0
great wall motors wey lidar ibeo

Great Wall Motors прв во светот ќе вградува автопилот со лидар

Porsche Panamera наскоро добива моделско освежување

Porsche Panamera наскоро добива моделско освежување