за

Mercedes E-Class со две врати: Историјата на купеата и кабриолетите

Mercedes E-Class со две врати: Историјата на купеата и кабриолетите
Mercedes E-Class со две врати: Историјата на купеата и кабриолетите

Елеганција, спорт и луксуз. Тоа е мајсторскиот спој што го постигнуват изведбите на E-Class со две врати, односно нивното височество, купеата и кабриолетите од вишата класа на Mercedes. Секако дека комбинацијата ја дополнуваат комфор и безбедност, како класични вредности на марката. Кус историски преглед на традицијата што почнува пред повеќе од 50 години, со купеата од генерацијата „црта-осум“ (W 114), односно оригинално „Strich-Acht“. Осумката се однесува на тајмингот на појавувањето на моделот, на 1968 година.

Купеата од серијата W 114 се произведуваа до 1976 година, а потоа презеде наследникот од генерацијата W 123, кој се произведуваше меѓу 1977 и 1985 година и постигна фантастичен успех. Во генерацијата W 124, купеата и кабриолетите станаа E-Class (во 1993 година), заедно со сите останати моделски изведби на вишата класа на Mercedes. На купеата од оваа класа, во 1991 година првпат им се придружи и кабриолет изведба, што се произведуваше до 1997 година.

Традицијата понатаму продолжува со двете серии на CLK, со генерацијата 208 (купеа од 1997 до 2002 година, кабриолети од 1998 до 2003 година), а потоа со генерацијата 209 (купеа од 2002 до 2009 година, кабриолети од 2003 до 2009 година). По оваа отстапка, со користење на техниката од моделите од средната класа, од C-Class, Mercedes ја претстави генерацијата 207, којашто повторно се базираше врз E-Class. Во декември 2016 година, таа беше заменета со актуелната генерација 238.

Mercedes 250 CE беше меѓу ретките „неспортски“ модели што постигнуваа 200 km/h

Кога стартуваше продажбата на W 114 во ноември 1968 година, купето се нудеше само со шестцилиндарски мотори. Варијантата на моторот M 114 со електронско впрскување Bosch D-Jetronic во топ-моделот 250 CE, постигнуваше 150 КС и беше достапна само за купето. Малку „неспортски“ автомобили во тоа време постигнуваа 200 km/h.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Ветробранот и задното стакло се повеќе налегнати кај купето и покривот е понизок за 45 милиметри. Прозорците во предните врати немаат рамка, а целосно се спуштаат и задните стакла.

Во 1972 пристигна новиот топ-модел 280 CE со 185 КС. До август 1976 година се произведоа над 67.000 примероци од купето од генерацијата 114. Најпродаван беше 250 CE со вкупно 21.787 примероци. Три петини од продукцијата заминаа за извоз.

C 123: спортска елеганција за инвидуалисти

Во март 1977 година, на салонот во Женева, Mercedes го претстави купето од генерацијата 123. Првпат беше понуден и четирицилиндарски мотор, во 230 C. Верзијата со две врати се разликуваше и по тоа што беше покуса за 85 милиметри од лимузината, покрај покривот понизок за 40 милиметри.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Продукцијата заврши во август 1985 година, по 99.884 примероци. Најпродаван модел беше 280 CE со 32.138 примероци. Овие автомобили денес се мошне ценети на сцената на олдтајмерите.

Генерација 124: Mercedes E-Class првпат го отвори покривот

Традиционално во Женева, во март 1987 година, беше претставено купето од генерацијата 124. Од летото 1993 година, оваа серија ќе стане E-Class. Првпат во вишата класа се нуди и кабриолет изведба.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Меѓуоскиното растојание е скусено за 85 милиметри, исто како кај претходникот. Значителни промени во споредба со лимузината има и во формата на покривот, како и во опашот. Понудата од модели почнува со 230 CE со 132 КС и завршува со 300 CE со 180 КС. По комплетната обнова на понудата во 1989 година, новиот врвен модел е 300 CE-24 со трилитарецот од 300 SL-24 (R 129) со 220 КС.

Прва E-Class со мотор од AMG

Во јуни 1993 година, Штутгарт ја престави освежената генерација 124, под новото име E-Class. Новитет во изгледот е маската во стил на S-Class и традиционалното место на ѕвездата на хауба. Најсилниот мотор го има E 36 AMG со 272 КС.

До 1996 година се произведоа 141.498 купеа од генерацијата C 124 и до 1997 година вкупно 33.952 кабриолети од генерацијата A 124.

Mercedes со четири очи

Во Женева во 1993 година, Mercedes прикажува студија на купе, посебна по тоа што има „четири очи“. Две години подоцна, тоа ќе стане препознатлив белег на E-Class од генерацијата 210. Фановите мораат да се стрпат до 1997 година, додека и купето се појави со овој дизајн. Тогаш пристига CLK Coupe, речиси идентичен со студијата. Изгледот е потпишан од една од најголемите дизајнерски ѕвезди во историјата на марката, Бруно Сако.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Понатаму, тоа што за повеќето марки е историја, за Mercedes е сегашност. Следните модели во традицијата на купеа и кабриолети од вишата класа на Mercedes се среќаваат и во секојдневието.

Автомобил со историја во тек: Зелениот Mercedes W115 на Драган

Mercedes W115 Dragan Trajkovski

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota ја заврши деловната година со +10,2% заработка

Toyota ја заврши деловната година со +10,2% заработка

Германија бара ограничување на бучавата од мотоциклите

Германија бара ограничување на бучавата од мотоциклите