за

Новиот Mercedes E-Class со половина од новитетите на идниот S-Class

Mercedes E-Class
Mercedes E-Class

Најважниот модел од Штутгарт наскоро пристига во освежено издание. Веќе авангардната E-Class од премиерата пред четири години, налето ќе биде уште поавангардна. Има промени во изгледот, многу посуштински се тие под ламарината.

Новото моделско годиште на Mercedes E-Class моментно се вози единствено во Лас Вегас. Маскирани прототипи го привршуваат долготрајното тестирање ширум светот, пред E-Class да се појави премиерно во новото издание на салонот во Женева во март.

Вклучувајќи ги сите моделски генерации на Mercedes што спаѓале во вишата класа, што значи од W 136 од 1946 година, преку W 120/121, W 110, W114/115, W 123, до W 124, кога серијата почнува да се води како E-Class, произведени се повеќе од 14 милиони примероци. Тоа е најпродавана моделска серија во историјата на Mercedes.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Актуелната, десетта генерација, остави белег на „најинтелигентна бизнис-лимузина во светот“, како што Mercedes порачуваше во рекламите. Тоа се однесуваше на напредните системи за асистенција, меѓу кои и самостојното префрлување во лента за престигнување, само со вклучување на трепкачите. Досега од W 213 се продадени повеќе од 1 милион примероци.

Налето во салоните на Mercedes пристигаат лимузината и комбито, како први изведби во серијата што добиваат моделско освежување. Потоа ќе следат изведбата со продолжена каросерија за Кина, како и купето и кабриолетот.

Mercedes објави неколку детали за главните новитети во освеженото моделско годиште на E-Class, заедно со фотографии од маскираните модели:

New photo by Automedia MK / Google Photos

Активен радарски темпомат што ја приспособува брзината според условите на патот. Преку LiveTraffic, E-Class ќе добива информации за застој или забавување на патот уште пред возачот да го забележи тоа и соодветно ќе ја намали брзината, по потреба и на 100 km/h.

Активен асистент за застој: Во случај на застојо на патот, E-Class самостојно се центрира меѓу лентите на патот и запира и поаѓа самостојно, до брзина од 60 km/h

Активен асистент за пренасочување: Во случај да наидува возило на брза помош, E-Class самостојно се повлекува настрана, за да создаде простор за минување

Активен асистент за сопирање со избегнување пречка: Доколку при обиколување пречка и преоѓање на соседната лента постои опасност од судир со возилото што доаѓа отспротива, E-Class потсопира на брзина што е вообичаена при обиколување

Активен асистент за мртов агол со предупредување при отворање врата: Ја смалува опасноста од судир со велосипедист што наидува кон возилото. Асистентот ги надгледува мртвите агли и при мирување на возилото и го предупредува возачот ако отвори врата пред автомобил, мотоцикл или велосипед што наидува.

Пакет паркирање во комбинацијa со камера со 360 степени: Нова функција е Side View, којашто ја следи целата должина на возилото. Така се олеснува порамнувањето со тротоар или ѕид.

Нови комфорни функции во кабината

Нова генерација волани со контрола на допир (се ракува со поминување со прст преку полето што реагира на допир)

Стандардно со големи дисплеи (2 x 10,25 инчи)

MBUX вклучувајќи и „Hey Mercedes“, како и унапредена реалност (на видеото на дисплејот виртуелно се прикажуваат куќните броеви и светлото на семафорот)

Асистент за кабина (природно ракување со различни функции за комфор и за MBUX преку гестикулација)

Нова функција на климатизацијата врз основа на индикатор на квалитет на воздух (Air Quality Indicator, за мегаградови)

Преку Mercedes me се вклучува Urban Guard (надзор на паркирано возило) со следните функции: Предупредување при оштетување на паркирано возило, предупредување при влечење на возилото и при активирање на алармот, следење на возило во случај на провала

Деактивирање на клучот од возилото преку паметен телефон, во случај на губење или кражба

Има новини и во погонската спрега

Седум плагин-хибридни модели, вклучувајќи и варијанти со погон 4Matic, како и во комби изведба T-Modell

Плагин-хибридите првпат ќе се нудат и пазарот во САД

Во замена за моторот V6 ќе се вградува нов шестцилиндарец, од GLE

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Неколку слики и рендери од изгледот на AMG-изведбите се појавија на социјалните мрежи:

View this post on Instagram

🔥😱 E63S! When the Batmobile gets facelifted!! Excuse the crude render, based upon the recent leak from factory 🤦🏻‍♂️ I DO NOT like or repost internal leaks, but now that it’s out there may as well speculate in a positive fashion for AMG fans! 😍👌🏼 My render is not 100% accurate, so take the shapes above with a pinch of salt: but I DO like the fact that the lights are more precious E Class w212 now, I.e. longer. 🤔 What do you guys think? I think I need one 😂 ____________________________ – #NewE63S #NewE63 #removebeforerace #w213 #genevamotorshow2020 #EClass #neweclass #mercedeseclass #gordenwagener #mercedesbenz #mercedes #e53 #gt63 #gt63s #e63s #AMGHammer #amge63 #amge63s #e63amg #e63samg #m5competition #m8competition #audirs6

A post shared by Raziz Roken Rehan (@rokenr) on

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

фабрика словачка Kia Motors

Словачка произведува најмногу автомобили по жител во светот

tesla cybertruck tovarna platforma

Експерт цени дека Tesla Cybertruck е многу евтин за производство