за

Mercedes E-Class: Разоткривање на новата ѕвезда (Системи за асистенција)

Секое пристигање на нова генерација на Mercedes E-Class носи иновација што со текот на годините преоѓа во стандард во целата бранша. Овојпат тоа се можностите на E-Class да вози самостојно, заменувајќи го возачот во бројни ситуации.

Со новата E-Class пристига и нова генерација возачи во светот на автомобилите. Не станува збор за вистински возачи, туку за интелигентни системи, кои се во состојба да му помогнат на возачот да избегне опасност на патот, но и да му го олеснат возењето по автопат, на пример, со самостојно водење на возилото при целата постапка на престигнување, за што возачот мора единствено да ја држи рачката на трепкачите притисната подолго од две секунди. Техниката што ја поседува Mercedes E-Class веќе е способна за автономно возење, но засега мора да „мирува“ во тој поглед, додека соодветно реагира и законската регулатива.

За вештачката интелигенција во новата E-Class да ги извршува своите должности, се користи цела низа сензори што се поврзани во мрежа и ги разменуваат податоците меѓусебно. Техничкиот арсенал за оваа намена вклучува повеќенаменска стерео-камера зад ветробранот, нова генерација радарски сензори со повеќе степени на досег и агол на отворање поставени насекаде по возилото, но и „класична“ техника, како ултразвук или камера со агол од 360 степени.

Повеќенаменска стерео-камера зад ветробранот, нова генерација радарски сензори со повеќе степени на досег и агол на отворање поставени насекаде по возилото, но и „класична“ техника, како ултразвук или камера со агол од 360 степени - тоа е техничкиот арсенал на E-Class
Повеќенаменска стерео-камера зад ветробранот, нова генерација радарски сензори со повеќе степени на досег и агол на отворање поставени насекаде по возилото, но и „класична“ техника, како ултразвук или камера со агол од 360 степени – тоа е техничкиот арсенал на E-Class

Заедничкото користење на податоците од сензорите овозможува распознавање и на најсложените ситуации во возење, за брзо и верно да се препознае опасноста и на тој начин да се подобри реакцијата на системите за асистенција. Техничарите на Mercedes не биле достојни на својата марка ако не додадат уште нешто. За техниката да работи беспрекорно и при најсурова зима, предниот радар кај E-Class поседува грејач за топење на снегот.

Напредни системи за асистенција веќе следуваат како стандард во E-Class

Секоја моделска изведба на E-Class доаѓа стандардно со активен асистент за сопирање. Системот користи радар за проценување на сообраќајот пред возилото и за „мерење“ на брзината и оддалеченоста на возилата напред. При опасно доближување и брзини над 30 km/h, возачот прво добива визуелно предупредување. Доколку системот пресмета опасност од судир во побавно возило или во возило што сопира, при брзини меѓу 7 и 250 km/h, односно опасност од удар во запрено возило или пешак при брзини меѓу 7 и 80 km/h, тогаш следува звучно предупредување.

Активниот асистент за сопирање прво го предупредува возачот предупредува двапати, а потоа запира самостојно при опасност од незгода
Активниот асистент за сопирање прво го предупредува возачот двапати и доколку тој не реагира, Mercedes E-Class запира самостојно при опасност од незгода. Овој систем следува како стандард во секоја моделска изведба

За тоа време, електрониката ја пресметува силата на сопирање што е потребна за избегнување на можниот судир. Доколку возачот во тој момент притисне преслабо на сопирачката, системот ќе го коригира тоа и ќе ја активира потребната сила на сопирање. Притоа се внимава и сопирањето да не биде пресилно и да предизвика налетување на возило одзади.

Ако возачот не реагира на побавно возило напред или на возило што ја намалува брзината, активниот асистент за сопирање преоѓа на следната фаза, а тоа е самостојно запирање за да се намалат последиците или во најдобар случај целосно да се избегне судирот. Сето тоа функционира до 200 km/h. Доколку се работи за возило во мирување или пешак на патот, самостојното сопирање функционира до брзина од околу 60 km/h, со тоа што целосното избегнување судир е можно до околу 50 km/h.

Стандардно следува и познатиот систем што го предупредува возачот при замор, исто како и системот за асистенција при силен страничен ветар, кој преку контролата на стабилноста ги сопира соодветните тркала, за на тој начин да се избегне губење на правецот.

Drive Pilot, автопилот, како тоа и да се нарече, E-Class вози самостојно

„Специјалитетот“ на E-Class е системот за делумно автономно возење на автопат, на спореден пат или во град, со можност за самостојно преоѓање на возилото во лентата за престигнување. Предвидени се многубројни ситуации во кои таканаречениот Drive Pilot може самостојно да го запре возилото или да помогне при избегнување пречка на патот. Дел од пакетот Drive Pilot е темпоматот со контрола на растојание Distronic, кој самостојно ја намалува наместената брзина кога напред има побавно возило и повторно забрзува кога ќе се ослободи патот. Distronic може и автоматски да го следи свијокот при брзини до 210 km/h, ослободувајќи го возачот од работа со педалите, но и со воланот, барем во умерени свијоци.

Специјалитетот на E-Class е можноста на возилото да му се нареди самостојоно да  го изврши престигнувањето - и да се врати назад, секако
Специјалитетот на E-Class е можноста на возилото да му се нареди самостојоно да го изврши престигнувањето – и да се врати назад, секако

Drive Pilot ги препознава ознаките на патот, возилата напред и средината со помош на стерео-камера зад ветробранот и со новите радарски сензори под маската и под задниот браник. Поради тоа, E-Class со овој систем може да ја следи колоната напред, на пример при градежни работи на патот, и нема потреба линиите на патот секогаш да се видливи. Ако E-Class е дополнително опремена со Comand Online, „автопилотот“ ги почитува и брзинските ограничувања, читајќи ги сообраќајните знаци со помош на камера или раководејќи се според информациите од системот за навигација.

Законите сепак пропишуваат рацете на возачот постојано да се на воланот, иако крстосувачот на Mercedes е во состојба да совлада и подолги делници без „асистенција“ од возачот. Активниот асистент за запирање во итен случај може самостојно да го запре возилото, ако препознае дека возачот подолго време не е „вклучен“ во возењето. Кога „автопилотот“ ќе утврди дека возачот подолго време не го користи воланот, системот автоматски го предупредува возачот со светлечки и звучни сигнали, и доколку возачот не реагира со преземање на воланот, притискање на педалите или некое копче, возилото постепено сопира и го предупредува сообраќајот зад себе со активирање на безбедносните трепкачи.

Сите системи во новиот Mercedes E-Class за подобрување на безбедноста и комфорот во возењето, во насока на автономното возење
Сите системи во новиот Mercedes E-Class за подобрување на безбедноста и комфорот во возењето, во насока на автономното возење

Најинтересна иновација на Drive Pilot сепак е активниот асистент за промена на лента, кој му помага на возачот при престигнување на пат со повеќе ленти. Кога возачот ќе ја задржи рачката на трепкачите притисната најмалку две секунди, асистентот го насочува возилото во соодветната лента, секако доколку истата е слободна и доколку системот е вклучен. Сето тоа може да се случува во подрачјето меѓу 80 и 180 километри на час, со помош на радар за долго подрачје и стерео-камера за напред и напредни радари за страничното и подрачјето зад возилото. Автоматското престигнување се прекинува ако сензорите препознаат пречка, ако не е видлива линијата на патот или возачот го повлече воланот во спротивна насока, односно

Безбедно избегнување пречка

Автопилотот располага со уште една импресивна способност. Асистентот за избегнување пречка му помага на возачот при избегнување пешак на патот, кога возачот нагло ќе го заврти воланот и откако радарите и камерите претходно ќе го детектираат пешакот. Системот дополнително го завртува воланот за точно одреден агол за избегнување на опасноста. На крајот, електрониката помага возилото повторно да се врати во претходниот правец. Цел на овој систем сепак не е да го замени возачот, туку поинтуитивно да го води при избегнувањето на опасноста.

Сензориката може да нареди и самостојно маневрирање за избегнување на опасноста
Сензориката може да нареди и самостојно маневрирање за избегнување на опасноста, особено при пешак на патот

Заедно со воведувањето на новите интелигентни системи за асистенција се подобри и функционалноста на веќе постоечките системи во Mercedes. Системот за следење лента може да спречи несакано преминување во соседната лента со автоматско враќање на возилото, преку активирање на сопирачките од едната страна, но отсега и во случај кога при испрекината линија друго возило наидува брзо по лентата за престигнување или кога наидува возило отспротива.

Системот за контрола на мртвите агли отсега реагира и при пониски брзини во град, по потреба и со корекција на воланот и предактивирање на безбедносните системи, додека системот Pre Safe Plus предупредува од опасност од судир одзади и исто така со „подготовка“ на безбедносните системи. Нова функција има и камерата за читање на сообраќајните знаци, која отсега предупредува за пешаци што преминуваат улица или при влегување во еднонасочна улица и погрешно престројување пред кружен тек. Дополнително, камерата ги чита и стоп-знаците и соодветно на тоа, системот старт-стоп не го исклучува моторот автоматски кога возилото чека на крстосница.

Повеќето од новите и постоечките системи за асистенција се достапни одделно, за сопственикот да добие можност да го „скрои“ возилото според личните потреби и желби. Во техниката на Mercedes E-Class стои огромен потенцијал за натамошен развој на нови функции, особено во насока на целосно автономното возење, кои само чекаат вчитување и активирање на соодветниот софтвер или соодветно законско одобрение. Секако не е случајност тоа што E-Class е првото сериско возило во светот што доби лиценца за тестирање на техниката за автономно возење во американската држава Невада.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Nissan се пофали со рекордна продажба на службени електрични возила

Ова не се гледа секој ден: Булдожерска битка низ улиците во Кина