за

Mercedes подготвува нов 1,6-литарски дизел

mercedes 1,6 дизел om 654

Пред две години Mercedes започна со вградување на новиот дволитарски дизел со фабричката ознака OM 654. Врз основа на овој мотор е изведена смалена верзија со зафатнина од 1,6 литар. Таа ќе го замени постоечкиот мотор од Renault во моделските изведби 180d и 200d на C-Class. Овој мотор со ознака OM 626 не наиде на добар прием кај традиционалните купувачи на Mercedes, иако станува збор за сосем солидна конструкција.

Наспроти тоа, купувачите на E 200d добиваат верзија од дволитарецот OM 654 со намалена моќност, а со апсолутно идентична конструкција. Тоа е трошок со когошто Mercedes не сака да се луксузира. Затоа, во оваа моделска верзија на E-Class во иднина исто така ќе работи новиот 1,6-литарски дизел.

Смалената верзија на OM 654 работи исто толку смирено како дволитарскиот дизел

Според Mercedes, смалениот OM 654 работи исто толку тивко и смирено колку дволитарецот, иако балансирачките вратила се отстранети. Возачите на новиот Е 200d ќе имаат на располагање и за 10 киловати повеќе моќност, односно 160 КС. Големата лимузина (или комби) со малечкиот дизел ќе спринтува до сто за 7,9 секунди, во комбинација со автоматски менувач, што е за шест десетинки подобро.

Порастот во перформансите е уште повеќе видлив кај C-Class, кадешто 1,6-литарскиот OM 654 оди во комбинација со мануелен менувач. Моторот од Renault го забрзуваше моделот од средната класа за 9,7 секунди до сто, во иднина вредноста се подобрува на 8,5 секунди.

Моторот од 1,6 литар е порационално решение за Mercedes, особено како замена за „лесната“ верзија на дволитарскиот дизел во E 200d

Конструкцијата е идентична, но смалени се и пречникот и одот на клиповите, на 78 и 83,6 милиметри. Клипниците и клиповите се модифицирани и полесни. Конкретно, клиповите се полесни за 135 грами. Поради тоа немаше потреба од користење на балансирачки вратила, како кај дволитарецот. Максималниот притисок е смален на 180 бари, а со тоа можеше да се смалат и летечките лежишта.

mercedes om 654 d16_2

Кај моторот OM 654 D16, за првпат во комбинација од алуминиумски блок и челични клипови се користи таканаречена конусна форма. Долниот дел од кошулките е незначително поширок при хонувањето, со цел моторот да работи посмирено кога е загреан. Со оваа технологија, потрошувачката на гориво се смалува за пет проценти, при зголемена моќност.

Новите моделски изведби со 1,6-литарската верзија на OM 654 во C-Class и E-Class стартуваат со продажба веќе годинава. Во последното моделско освежување на E-Class уште фигурира дволитарецот како основен дизел.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW iX3 Concept

BMW X3 почна да вози и на струја

bmw серија 8 Велс, bmw m850i xdrive coupe

Наследникот на BMW 850i влегува во целната рамнина