122
24 shares, 122 points

Mercedes се грижи за децата. Марката понуди детска количка во луксузна изведба, со бандажи во стилот на AMG

Mercedes сака и на најмладите да им понуди најпрефинета форма на возење. За таа цел, на помош пристигна специјалистот за детски колички Hartan. Семејната фирма ги конструира и ги произведува своите производи исклучиво во Германија. За изглед на „беби-мерцедесот“, крајниот збор сепак го имаа сопствените стилисти на производителот на автомобили.

Моторот со внатрешно согорување во овој Mercedes може да кркори тивко, но и да вреска најгласно што може

Идејата да се понуди детска количка под логото на автомобилска марка не е нова. Ferrari, Skoda, Porsche, многу производители досега се испробале во ова поле. Трикраката ѕвезда се наоѓа на истото место како кај автомобилите, гордо напред, на преклопливиот покрив кој тука е во функција на хауба. Разликата со автообилите е во тоа што „моторот со внатрешно согорување“ под хаубата располага со многу поширок дијапазон на режими на работа, почнувајќи од тивко кркорење, па сé до најгласните тонови што воопшто може да ги регистрира човечкото уво.

Со комплетна опрема, цената на детската количка од Mercedes може да надмине 1.500 евра. За толку може да се најде и пристоен користен автомобил, со знак на Mercedes, секако

New photo by Automedia MK / Google Photos

Четирите тркала на количката се магнет за погледот. Тие се изработени во стил на AMG, со пет двојни краци. Но, не се важни само бандажите, туку и гумите. „Сопствениците“ на ова возило имаат специјални гуми, односно гуми со воздушна комора, кои добро ги придушуваат нерамнините, но воедно се издржливи и за теренски излети.

Посебен магнет за погледот се бандажите во стил на AMG

Инженерите се покажале на дело при димензионирањето на подвозјето. Предните тркала се малечки, задните тркала се поголеми. Тоа гарантира одлични возни својства. Покрај тоа, постои можност за фиксирање на предните тркала, со што се постигнува врвна стабилност при возење по брзи правци.

Беби-мерц тежи 13 килограми, се склопува за неколку секунди и се сместува лесно и во Smart. Покрај толку многу квалитети е полесно да се прифати цената од 859 евра за основната изведба. Постојат три варијанти на бои, спортска, долче вита и длабоко море. Со доплата од уште неколку стотини евра се добива и ташна во соодветен стил. Списокот на дополнителна опрема е бесконечен, исто како кај големите модели на Mercedes. При избор на постелнина, перница, сонцобран и останат прибор, со задолжителната трикрака ѕвезда, цената на количката достигнува 1.500 евра. За толку пари може да се купи и користен Mercedes. Вистински Mercedes.

Нов дизел за Mercedes G-Class за следните 40 години

Германски министер вози Mercedes со погон на водород

Супертранспортер: Mercedes Sprinter со дизел V6 и погон 4х4

Mercedes-AMG GLC 63 извозе најбрз СУВ-круг на Нирбургринг


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

122
24 shares, 122 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3813