163
24 shares, 163 points

Центарот за олдтајмери на Mercedes во германскиот Фелбах одбележува 25-годишнина. Таму секогаш има голема раздвиженост, меѓу другото оттаму може да се нарачаат 66.000 најразлични позиции на резервни делови за историски модели на Mercedes

Пред точно 25 години во германскиот град Фелбах беше отворен центарот за олдтајмери на Mercedes. Тоа не е поразлично од храм на историските возила со трикрака ѕвезда. Оттука пристигаат оригинални резервни делови, се одржуваат вредните колекционерски примероци, и секако, тука се врши врвна реставрација. Од јуни 2006 година, постои уште еден ваков центар, во Ирвајн, Калифорнија.

Центарот меѓу другото се грижи и за одржување на сопствената збирка од олдтајмери на Мercedes, којашто се состои од 1.000 возила, вклучувајќи ги 160-те возила во музејот во Штутгарт. Оваа „фабрика за олдтајмери“ испорачува возила за презентациите на нови модели на Mercedes, заедно со 20-те избрани термини во календарот на манифестации за олдтајмери низ светот. Без разлика дали се работи за Mille Miglia или за Фестивалот на брзината во Гудвуд, за сериски автомобил или за тркачка машина, кога на фабричкиот штанд се наоѓа Mercedes, тој пристигнал од Фелбах. Заедно со возилата пристига и мобилна сервисна работилница.

Центарот за олдтајмери соработува со 80-те официјално признати клубови на Mercedes низ светот, со преку 100.000 членови и амбасадори на марката. Постојано се работи на реставрација на вредни историски парчиња. Само во последните неколку години, специјалистите работеа на неколку примероци од Mercedes 600 (W 100), на родстери и купе изведби од 300 SL (W 198), како и на SL од серијата 113, меѓу познавачите познат како „пагодендах“.

Специјалисти кои работат со олдтајмери имаат пристап до оригиналната техничка документација, што е од голема корист при изработка на нови делови. Познавачите на сцената ќе се присетат и на Мercedes-Benz 540K Stromlinienwagen (W 29) од 1938 година, когошто публиката пред четири години можеше го гледаше како штотуку да излегол од фабрика. Впечатокот не беше погрешен, затоа што речиси сите делови на возилото беа изработени од ново, со користење на истите производствени техники и материјали.

Секако дека Mercedes прв отвори центар за своите олдтајмери. Денес примерот го следат и Jaguar, Lamborghini или Ferrari, сите марки што оставиле печат во историјата на автомобилизмот. Интересот за олдтајмерите расте прогресивно и покривањето на интересот не може да се врши од „гаражни ентузијасти“. Само една бројка за претстава: Центарот располага со 66.000 резервни и потрошни делови за класичари со сребрената ѕвезда.

Mercedes-Benz Classic Center

Flickr Album Gallery Powered By: Weblizar

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

163
24 shares, 163 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743