за

Mercedes со најмногу славче-таневски-дизајн во Мак Аутостар: CLA како атракција

mercedes cla, #govidovmercedescla
mercedes cla, #govidovmercedescla

Градот е најдобро во следниов период да организира редовна линија до салонот на Мак Аутостар, каде што веќе неколку денови брилјира новиот Mercedes CLA Coupe. Единствено е чувството кога ќе се застане покрај автомобил од македонски дизајнер, од Славче Таневски, особено модел каде што дизајнот е повеќе моќен од моторот. И, Mercedes e. Ова е атракција, којашто средината треба да ја прославува за помнење.

Некогаш се случуваат работи коишто се припишуваат на техничка природа, а во суштина има нешто многу посилно зад нив. На пример, кога мемориската картичка на којашто требаше да бидат фотографиите од свежо пристигнатиот Mercedes CLA Coupe во салонот на Мак Аутостар, ќе биде комплетно празна при обидот за нејзино исчитување. Тоа може првично да изгледа како лоша среќа на фотографот, или можеби овој супердизајнерски автомобил едноставно не дозволува фотограф со просечна вештина да го овековечи. Да му наштети на тој начин.

Затоа, во редакцијата ни преостана само едно. Оваа објава за пристигањето на моделот што носи најмногу славче-таневски-дизајн (ќе ни прости Таневски што ги пишуваме неговото име и презиме со мали букви, но на тој начин го цениме стилскиот израз на македонскиот дизајнер како стандард), место да биде илустрирана со десетици фотографии, како што беше планирано првично, ќе има само една единствена носечка фотографија, направена со мобилен телефон.

Во едно интервју, Таневски ни откри дека техничарите го послушале неговото барање „предницата“ да се направи малку поширока, заради заокружување на дизајнот; Така и се случи, а воедно добија и возните својства

За дизајнот да се доживее најверно, единствениот начин е автомобилот да се види на лице место. Во салонот на Mercedes има два примерока од CLA Coupe, едниот црвен, во боја каква што прилегала на само неколку модели во историјата на Штутгарт, а другиот црн, во веќе „стандардното“ издание Edition, коешто Mercedes по традиција го нуди кога пристига нова моделска генерација на сцената.

Цените, опремата и техничките податоци за Mercedes CLA Coupe најдобро ги знаат во Мак Аутостар. За македонската јавност најдобро да го поздрави пристигањето на супердизајнираниот CLA, соодветен начин би било секоја дама и секој господин што ќе се фотографира покрај CLA во салонот, да користи одреден обележувач, на пример #gоvidovmercedescla . Или нешто слично. Сцената веќе ќе знае како најдобро да реагира. И, браво маестро!

Всушност, има и продолжение на CLA, тоа е стилското комби-купе CLA Shooting Brake.

Македонска гордост на салонот во Женева: Славче Таневски и Mercedes CLA

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

SKODA_Connect_Wireless_Smartlink

Scala и Kamiq први модели на Skoda со безжична врска со мобилен

Tesla акции паѓаат

Tesla сама ќе ги осигурува возилата во Калифорнија