122
41 shares, 122 points

Најелегантната лимузина во компакт класата влегува во втор круг. Mercedes CLA порасна во сите правци, аналогните инструменти се историја, топ-верзијата од AMG ќе располага со преку 400 КС

На Mercedes CLA му се посреќи во Лас Вегас. На тамошниот салон за потрошувачка електроника ЦЕС имаше премиера втората генерација на оваа елегантна купе-лимузина со техника од A-Class и дизајн во стил на CLS. Станува збор за модел од голема стратешка важност, затоа што според статистиката во Штутгарт, секој втор сопственик на CLA претходно поседувал автомобил од друга марка. Уште поважно, три од четири возачи на CLA преклани изјавиле дека и нивниот следен автомобил повторно ќе носи сребрена ѕвезда.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Дизајнот јасно укажува дека тука станува збор за автомобил што постигнува висока возна динамика. Секако дека прво се забележува новата маска, а потоа и надолжните гребени во хаубата. Изгледот на Mercedes CLA јасно се издвојува од донаторот на техниката, од A-Class. Дневните светла, на пример, за разлика од оние кај стандардната комбилимузина поседуваат дополнителен светлосен елемент. Зрелиот впечаток го заокружува самоуверено профилираниот преден браник. Зависно од аголот на гледање, лесно е CLA да се замени со CLS, особено во варијанта со пакетот спојлери од AMG.

Мercedes CLA е уште еден модел со сребрена ѕвезда на чијшто изглед работеше македонскиот дизајнер Славче Таневски

Вистинската драма следи кога ќе се погледне страничната силуета, со низок покрив и измазнети странични панели, во коишто сепак има богат „внатрешен живот“. CLA е уште еден модел на Mercedes кај когошто јасно се препознаваат потезите на македонскиот дизајнер Славче Таневски.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Назад исто така се препознаваат неколку измени, меѓу другото е скусено препознатливото „паткино опавче“, а задниот капак повеќе не се спушта толку стмоглаво како кај претходникот. Светлата потсеќаат на стилот на CLS, отколку на A-Class.

Платформата MFA2 обезбедува повеќе простор во кабината, но каросеријата и без тоа порасна во сите правци. Во должина има плус пет сантиметри, исто колку и во ширина, додека висината е непроменета. За три сантиметри порасна и меѓуоскиното растојание, што ќе ги радува патниците на задната клупа.

Како што беше ветено при премиерата, системот MBUX веќе препознава нови говорни команди и знае многу повеќе за случувањата во средината кадешто се вози во моментот

Во внатрешноста повеќе се забележува припадноста во гамата на A-Class. Аналогните инструменти се историја во CLA. Изборот се сведува само на големината на двата дисплеја, кои се спојуваат во една целина. Во верзијата со доплата, дисплеите имаат пречник од 10,25 инчи. Интуитивниот начин на говорно командување со функциите на возилото познатиот систем MBUX – секако дека не отсуствува во купе-лимузината.

New photo by Automedia MK / Google Photos

При стартот на продажбата во мај, како и за сите останати модели досега, Mercedes ќе ја понуди специјалната серија Edition 1. Таа ќе биде достапна дванаесет месеци по стартот на CLA и лесно се препознава по стилските акценти на каросеријата во портокалова боја.

Не се сведува сé на дизајнот, туку има и суштински вредности. Со доплата се вградува радарски темпомат кој самостојно ги одржува растојанието и брзината според сообраќајот напред, како и активен систем за следење лента, кој автоматски го враќа возилото во лента, самостојно коригирајќи го правецот. Тоа се веќе функции на автономно возење, автопилот.

Самостојно запирање при опаснсот од судир се вградува стандардно, заедно со активно предупредување при ненамерно напуштање на сообраќајната лента, кога се вклучуваат сопирачките од едната страна.

Функцијата „Energizing“ полека се вдомува во целата моделска гама на Mercedes

Меѓу напредните опции се диодните светла со повеќе снопови, кои се состојат од 18 диодни светилки што се насочуваат различно и во зависност од условите на возење и светлината. Функцијата „Energizing“ полека се вселува во сите модели на Mercedes. Станува збор за посебен режим на работа на климатизацијата или осветлувањето, во зависност од расположението што ќе го „избере“ возачот. Целосниот потенцијал се искористува кога возачот носи паметен часовник.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Меѓу новите функции на MBUX е можноста за повикување на меморираните фаворити преку гестикулација. Со еден потег може на клима уредот да му се нареди да ја дотера температурата во кабината или да ја вклучи навигацијата за пат до дома. Посебноста е во тоа што системот препознава дали командите доаѓаат од возачот или совозачот. Светилките за читање, на пример, се вклучуваат автоматски кога ќе се посегне кон ретровизорот. Истото се случува и кога возачот ќе посегне по работите што претходно ги одложил на совозачкото седиште.

За премиерата во Лас Вегас, купе-лимузината пристигна во само една варијанта, како CLA 250, со дволитарски бензинец со 225 КС од A-Class, во комбинација со седумстепен менувач со двојна спојка. Претпоставка е дека понудата од мотори ќе биде иста како во A-Class. Тоа значи дека основата ќе ја сочинува турбо-бензинец од 1,33 литар, со 163 КС и седумстепен менувач со двојна спојка. Се планираат и верзии со погон на сите тркала, како и со мануелен менувач со шест степени. За екстра-штедење, два цилиндра се исклучуваат при ниско оптоварување на моторот, кој е развиен заедно со Renault.

Врвот ќе им припаѓа на AMG-варијантите, во два степена на „експлозивно полнење“, со 306 и со преку 400 КС

Третата варијанта е 1,5-литарскиот дизел со ознака OM 608, како наследник на OM 607, со потивка работа и пониска емисија на штетни материи. Последново се должи на вградувањето SCR-катализатор и впрскувањето AdBlue. Моќноста во споредба со стариот A 180 d расте за седум коњски сили, и сега изнесува 116 КС. Дизелот работи во комбинација со седумстепениот менувач со двојна спојка од специјалистот Getrag, со таканаречена функција на „едрење“, истиот како во варијантата со послабиот бензинец.

Врвот во гамата во поглед на моќноста е јасно дека ќе им припадне на моделските изведби од AMG. Сосем е извесно дека CLA ќе се нуди во верзија AMG 35, со дволитарец со 306 КС, за подоцна да следи и A 45, со далеку над 400 КС.

Цените ќе бидат објавени подоцна, прво за германскиот пазар. Подоцна ќе следат и моделски изведби со послаби мотори, со кои ќе се спушти и ценовниот праг на купе-лимузината.

Сега и бебињата имаат сопствен Mercedes

Нов дизел за Mercedes G-Class за следните 40 години

Германски министер вози Mercedes со погон на водород

Супертранспортер: Mercedes Sprinter со дизел V6 и погон 4х4

 


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

122
41 shares, 122 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format