за

Уште еден дизајн на Славче Таневски стартува со производство

Mercedes CLA pocetok proizvodstvo

По светската премиера во Лас Вегас, на овој крај на светот започна производството на Mercedes CLA од втората генерација. Тоа е уште еден „македонски“ Mercedes, дизајниран од Славче Таневски. Исто како претходничката, купе-лимузината се произведува во Унгарија

Во фабриката на Mercedes во Кечкемет, Унгарија, започна производството на втората генерација на купе-лимузинската изведба во гамата на A-Class. Моделите од компакт класата на Mercedes имаа светска авантура лани. Прво стартуваше производството на A-Class во Раштат, Кечкемет и Усикаупунки (Финска), следеше лимузинската изведба во Агуаскалиентес (Мексико), па продолжената верзија посебно за кинескиот пазар (во фабриката во Пекинг), за кругот да се затвори со стартот на B-Class во Раштат, Германија.

https://photos.app.goo.gl/KYs7DwQZ6r6BeFxD8

Но, преостанува уште еден круг, за „специјалистите“, како CLA Coupe, CLA Shooting Brake, GLA и GLB на крај. Новиот круг го почнува CLA Coupe, моделот чијшто дизајн носи потпис на македонскиот дизајнер во Mercedes-Benz Cars, Славче Таневски. До интервјуто со младиот дизајнер може да пристапите преку следниов линк.

Mercedes CLA е првиот модел со сребрена ѕвезда што имал премиера на ЦЕС во Лас Вегас

Mercedes CLA е наменет првенствено за помладиот круг купувачи. Моделот имаше премиера на салонот за потрошувачка електроника во Лас Вегас, како манифестација којашто големите производители не ја пропуштаат.

https://photos.app.goo.gl/qNeZNP2pimCBR89C7

Купето и комбито од претходната генерација се продадоа во повеќе од 750.000 примероци по стартот во 2013 година. Унгарската фабрика и натаму е единствена што ќе ги произведува CLA и CLA Shooting Brake за светскиот пазар. Тоа е доказ за довербата што Штутгарт ја има во квалитетот и организацијата на производството во Кечкемет.

Испораката на стилската купе-лимузина и на задолжителната „воведна серија“ Edition 1 започнува во мај.

Интервју со Славче Таневски, дизајнер во Mercedes-Benz Cars: „Целта е добра, но и патот дотаму треба да биде убаво искуство“

Лимузинскиот Mercedes A-Class во Македонија стартува од 27.990 евра

Безбедноста осум децении е врвна наука во Mercedes

Што бара Porsche 550 Spyder среде музејот на Mercedes?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

SsangYong Korando IV Zeneva 1910

SsangYong Korando во комплетно ново издание во Женева

mitsubishi eclipse cross stranicna

Eclipse Cross стартува со продажба: Сé од Mitsubishi, во едно