за

Ексклузивецот на Mercedes со керамички сопирачки и цена од 300.000 марки

mercedes cl 55 amg f1 limited edition
mercedes cl 55 amg f1 limited edition

Кога во Mercedes нешто ветуваат, тоа и го исполнуваат. Рекламата за CL 55 AMG F1 Limited Edition гласеше „Тркачка автомобилска техника за улица“. Ова ексклузивно купе од S-Class се појави во мај 2000 година и користеше техника и дизајн од тогашниот безбедносен автомобил во формула 1.

Серијата се изработи во само 55 примероци до 2001 година. Соодветно на тоа, примерок од овој модел чинеше 330.000 германски марки. Еден од овие примероци има свое постојано место во музејот на Mercedes-Benz.

Под хаубата работи AMG V8 од 5,5 литри со 360 КС при 5.500 вртежи и 530 њутнметри меѓу 3.150 и 4.500/min. Дополнителна ексклузивност е тоа што „F1 Limited Edition“ беше прв автомобил за редовен сообраќај што користеше керамички сопирачки. При целосно сопирање од крајната брзина, тие постигнуваат моќ на сопирање од 2000 КС. Brembo посебно изработи сопоирачки клешти со осум клипови.

Предностите на керамичките сопирачки дискови беа во прецизното дозирање, исклучителната отпорност на прегревање и за 60% пониската тежина. Соодветно на последново, се смалуваат и небалансираните маси, со што подвозјето реагира почувствително и побрзо.

Мика Хакинен, Ф1-шампион во 1998 и 1999 година, своевремено кажа: Најважното кај еден спортски автомобил не е моторот, туку сопирачките

Дисковите за ексклузивното купе се изработуваа во Еслинген-Метинген. За тоа е потребна висока технологија: Карбонските влакна, карбонскиот прав и смолата се пресуваат под висок притисок и се печат на 1.000 степени Целзиусови. По ладењето се врши дополнителна механичка обработка, по што се третираат со течен силициум. Карбонската матрица го впива силициумот како сунѓер и се добива керамика.

Други детали на скапата серија беа бандажите од 19 инчи (ширина 8,5 инчи напред и 9,5 назад) со гуми 255/40 ZR 19 напред и 285/35 ZR 19 назад. Со малиот офсет значително се зголеми ширината на трагата, поради што и крилата мораше соодветно да се „извадат“. На тоа следеа уште многу посебни детали. Денес, CL 55 AMG F1 Limited Edition e скап колекционерски примерок – со тренд за натамошен раст на цената.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo XC40 Recharge P8 AWD

Електричниот Volvo XC40 стартува со испорака наесен

Велосипедистите живеат подолго и поздраво од автомобилистите

Велосипедистите живеат подолго и поздраво од автомобилистите